Спорт

Швајцарски фудбалер место против Македонија може да заврши в затвор

Легендарниот Швајцарец со косовско потекло признал криминал и може да оди 5 години в затвор

Капитанот на фудбалската репрезентацијa на Швајцарија, Гранит Џака, нема да игра против Македонија. Тој е исклучен од составот на Швајцарија за Лигата на нации откако призна дека купил фалсификуван сертификат за да докаже дека ја примил вакцината против КОВИД-19 во 2022 година.

Швајцарските власти го истражуваат прекршокот, што може да доведе до висока парична казна или до пет години затвор. Во времето на прекршокот, Џака, кој сега има 33 години, играше за Арсенал. Џака беше позитивен на КОВИД во септември 2022 година и беше принуден да ги пропушти меѓународните натпревари тој месец.

Швајцарската федерација објасни дека ситуацијата ќе биде разгледана откако ќе заврши периодот за меѓународни натпревари и ќе се разјасни правниот процес.

Најнови вести од: Спорт

Шпански фудбалер почина откако доби удар со колено од противничкиот голман (ВИДЕО)

Голманот на Андора, Хесус Овоно, истрча далеку од својот гол за да ја пресече акцијата, и во обидот да интервенира, ја крена ногата и силно го удри Де Мигел со коленото, по што тој падна на теренот и ја изгуби свест

To top