Пратеникот Христо Гаџев од ГЕРБ предложи Бугарија да го услови враќањето на Ива Михаилова во Македонија со тоа на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од Унгарија.
„Предлагам Бугарија да ја врати Ива Михајлова само и единствено откако РСМ ќе го екстрадира Никола Груевски од Унгарија и тој ќе оди во затвор.
Поранешниот шеф на Мицкоски се крие во Унгарија од отслужување 10 години затвор за корупција.
За разлика од него, Ива не е осудена и е невина додека не се докаже дека е виновна.
Очигледно, постои огромен проблем со владеењето на правото во РСМ. Таму сите се виновни, освен ако не се од ВМРО-ДПМНЕ“, коментира на Фејсбук пратеникот од партијата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.