Нова тешка навреда за Македонија од Бугарија дојде од бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој порача дека неговата земја немало да ја испорача бегалката од македонската правда Ива Михаилова на – српските власти?!
Потпрашан од водителот на подкастот на кој гостуваше, бугарскиот новинар Мартин Карбовски, да не станува збор за лапсус, бидејќи потерница за Михаилова има од Македонија, Демерџиев одговори дека тоа што го рекол било грешка, но „не толку голема грешка“!
Првиот бугарски полицаец уште еднаш повтори дека не ја бараат, ниту имаат намера да ја екстрадираат Михаилова, и покрај меѓународната потерница од Македонија, бидејќи таа била и бугарска државјанка.
„Одговорот е негативен – ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти“, рече Демерџиев во поткастот на Карбовски околу 2 минути од почетокот на видеото: