Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф ги повикаа европските земји да продолжат со купувањето руски гас, при што испораката би се вршела преку гасовод што минува низ Украина, објави денеска „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на неименувани американски, европски и украински претставници.
Според изворите на весникот, Кушнер и Виткоф го промовирале овој план за време на разговорите во Москва и во Киев.
Бидејќи продажбата на руски гас во Европа подлежи на санкции, потребно е една американска компанија да дејствува како посредник.
Според извори, американските пратеници имаат за цел да извршат притисок за намалување на цените на гасот – кои значително пораснаа во последните месеци – преку зголемување на понудата.
Планот првично беше ставен во мирување минатиот месец, откако Украина, под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, ги запре нападите со беспилотни летала врз руските рафинерии.
Сепак, откако Русија прекрши едно ограничено примирје, нападите продолжија, пренесува Танјуг. Пред околу еден месец, Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се договорија САД да ги намалат санкциите кон Русија, додека Русија, за возврат, ќе започне со испорака на дизел гориво на глобалниот пазар и на пазарот во САД, со цел да се ограничи растот на цените на нафтата.