СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 78 години од Тетово, осомничени за фалсификување исправа и измама.
Според Министерството за внатрешни работи, првопријавениот А.Ј. го изменил договорот за купопродажба на стан, менувајќи ги податоците за купувачот и додавајќи потпис.
Потоа второпријавената Г.Ј. ја зела копијата од преправениот договор и ја заверила кај нотар, по што станот бил префрлен на име на првопријавениот.
Против двајцата е поднесена кривична пријава за делата „фалсификување исправа“ и „измама“.