Бизнис

Атина доби конкуренција, Софија сака да биде регионален лидер во ископот на бакар, Скопје само ја следи битката

Додека соседството дава приоритет на рударската индустрија поради новите европски директиви и геополитичката состојба, Македонија стагнира и не го користи својот потенцијал на бакар во Иловица.

Production of copper wire, cable in reels at factory. Cable factory. Close up.

Уште една соседна земја се надева да ја снабдува Европската Унија со бакар и други критични минерали. Покрај Грција со своите пет нови рудни постројки, сега и Бугарија најавува да се приклучи со стратешки проекти за ископ на руди. Додека соседството дава приоритет на рударската индустрија поради новите европски директиви и геополитичката состојба, Македонија стагнира и не го користи својот потенцијал на бакар во Иловица.

Зад проектот стои компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ која котира на Берзата во Торонто и оттаму истакнаа дека би можеле да произведуваат над 10.000 тони бакар годишно во период од две децении. Во зависност од берзанските цени на бакарот се очекува зголемување на извозот од земјава за над 300 милиони евра годишно и со тоа овој проект значително да влијае на трговскиот биланс. Македонија има само еден активен рудник за бакар, а тоа е „Бучим-Боров дол“, кој ги исцрпува капацитетите и годишно произведува до 8.000 тони чист бакар.

Од друга страна, надежите во Бугарија дека ќе се позиционираат како регионален лидер кој ќе ја снабдува ЕУ се зголемија откако канадската компанија „Данди металс“ објави дека се пронајдени големи количества на бакар кај рудникот „Челопеч“. Рудникот е стар околу 60 години, а откритието има потенцијал двојно да го продолжи неговиот век на траење. Деталите за капацитетот од геолошките истражувања би биле познати до крајот на годинава.

  • Доколку се докаже наоѓалиштето и се идентификуваат големи резерви, компанијата би можела да го обнови својот интерес за производство на бакар, злато и сребро во Бугарија. Ова би значело дополнителни инвестиции и зголемен капацитет. Нашата држава не треба да држи линија на ресурсен национализам, туку да разбере дека може да игра важна улога во ЕУ како земја што експлоатира основни метали како бакар, злато, сребро на сопствена територија, а исто така има и волфрам и манган – истакна геолошкиот експерт Бојан Рашев за ТВ Блумберг, прецизирајќи дека земјата никогаш не ископувала волфрам, но наскоро може да започне и такви проекти.

Неодамна и директорот на Бугарската рударско-геолошка комора, Иван Митев ја нагласи потребата Бугарија да дефинира национална листа на стратешки суровини и да изгради долгорочна визија за нивниот развој. Според него, мора јасно да се идентификуваат суровините што се од стратешко значење за националната економија и за функционирањето на клучните индустрии.

  • Ако сакаме повисока стапка на економски развој, мора да развиеме свои стратешки суровини и проекти. Секторите поврзани со експлоатација, преработка и употреба на суровини сочинуваат речиси 40% од бруто домашниот производ на земјата. Во исто време, Бугарија увезува околу 3 милиони тони суровини годишно во вредност од 1,5 милијарди евра. Тоа се 1,5 милијарди евра што излегуваат од нашата економија. Рударската индустрија честопати останува погрешно разбрана од општеството, иако е основа на многу други гранки и создава висока додадена вредност. Еден рудар создава трипати поголема додадена вредност од просекот за економијата – потенцира инженерот Митев.

Во меѓувреме, Европската комисија започна големи промени во политиките, со цел да се забрза домашниот ископ и преработка на критични суровини, ставајќи ја автономијата во срцето на индустриската конкурентност, зелената транзиција и геополитичката отпорност. Во фокус сега е побрзото издавање дозволи за истражување и експлоатација без да се компромитираат високите еколошки стандарди. Неодамнешните геополитички тензии, прекините во синџирот на снабдување и ограничувањата на извозот предизвикаа голем број ранливости во индустриите за електричните возила, обновливите извори на енергија, полупроводниците, одбраната и воздухопловството. Зелената транзиција бара огромни количини суровини и колку повеќе Европа инвестира во обновлива енергија, батерии и електрични возила, толку е поголема побарувачката за бакар, литиум, никел, кобалт и ретки метали.

Најнови вести од: Бизнис

Анализа: Инфлација 2,7% за септември – за една година храната поскапа за 1,7 проценти

Во септември во однос на август нема никаква инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, објави Државниот завод за статистика. Иако ова е позитивна вест, на годишно ниво сè е поскапо од ланскиот септември. Годишната инфлација изнесува 2,7 проценти.

Една година во СЕПА: Над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и фирмите

Народната банка останува посветена на натамошна модернизација и приближување на домашниот финансиски систем до европските стандарди и унапредување на платежната инфраструктура што ќе ја зголеми ефикасноста и ќе обезбеди современи, брзи и достапни плаќања за граѓаните и бизнисите.

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

Петта година по ред „Реплек“ е дел од учесниците и изложувачите на еден од најзначајните светски саеми за фармација – CPHI, кој годинава, од 6 до 8 октомври, се одржува во Милано, со присуство на над 62.000 учесници и 2.900 компании од 166 земји.

Извозот пораснал за 8,7% – Со кои држави најмногу тргува Македонија?!

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Цената на гасот во Европа скокна за дури 171%

Првиот регулатор вели дека со почнување на грејната сезона и во земјава доколку не се смири пазарот, снабдувачот со парно топлинска енергија ќе почне да ги чувствува промените на цената на гасот и ќе побараат интервенција во калкулациите за цената на парното.

„Тинекс“ и официјално има нов газда – Лиридон Бериша од Косово е нов директор

Во 2025 година приходите на „Тинекс“ се намалија на 5,31 милијарди денари, односно за околу 16,5 отсто во однос на 2024 година. Приходите само од продажба на производи паднаа за околу 16,5 отсто. Во исто време, беше прикажана годишна нето-загуба од 217 милиони денари.

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.

To top