Бизнис

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра

Македонците во странство во 2024 година испратиле 310 милиони евра дознаки во земјата, што претставува околу 2% од БДП.

Македонците во странство во 2024 година испратиле 310 милиони евра дознаки во земјата, што претставува околу 2% од БДП. Иако земјата бележи суфицит во личните трансфери, апсолутните бројки покажуваат пад во последните години: 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година.

Во регионот, во апсолутни бројки најмногу лични дотации лани примила Србија (4,47 милијарди евра), по неа следат Босна и Херцеговина (1,99 милијарди), Косово (1,32 милијарди), Албанија (1,28 милијарди) и Црна Гора (345 милиони евра).

На ниво на ЕУ, во 2024 година личните трансфери од жители на ЕУ кон лица надвор од Унијата изнесуваат 52,1 милијарди евра, што е зголемување од 6% споредено со 2023 година (49,2 милијарди евра). Приливот кон домаќинствата во ЕУ изнесува 14,8 милијарди евра, со раст од 7%.

Во последните пет години, одливот на лични трансфери од ЕУ се зголемил за 51%, додека приливот пораснал за 26%. Како резултат, негативното салдо на ЕУ со земји надвор од Унијата достигна 37,3 милијарди евра во 2024 година.
Суфицит во личните трансфери во 2024 година имаат девет земји од ЕУ, меѓу кои Хрватска (2,6% од БДП), Бугарија (1,3%) и Португалија (1,2%). Најголеми дефицити бележат Малта (-2,8%), Кипар (-0,9%), Белгија (-0,6%), Грција, Шпанија и Франција (секоја -0,5% од БДП), според податоците на Евростат.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top