Бизнис

Енергетската транзиција забрзува: Македонија ги надмина целите за обновливи извори

Позитивна оценка од Енергетската заедница за напредокот

epa04140463 Crimean technical specialist examines 'Perovo solar' power station near the town of Rodnikovoye, outside of Crimea capital Simferopol, 25 March 2014. Austrian 'Activ Solar GmbH' developed and built one of the world's largest solar photovoltaic plants in Rodnikovoye, the 100 MW Perovo Solar Power Station in 2011. On 24 March the Peninsula began suffering massive blackouts. According to media reports, there was two-thirds of Crimea without light. The government of Russia is considering the possibility of connecting Crimea to the United energy system of Russia via the Strait of Kerch, and the creation of its own generation as well. The matter concerns the construction of two thermal power stations and network development of solar power plants. EPA/SERGEI ILNITSKY

Развојот на обновливите извори на енергија во Македонија ја надминал динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК), а напредокот во спроведувањето на преземените обврски позитивно е оценет од Енергетската заедница.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини навреме го доставило до Енергетската заедница Извештајот за напредокот во спроведувањето на НПЕК. Навременото известување, според Министерството, потврдува дека обврските преземени со планот се спроведуваат континуирано и дека се работи на унапредување на националната енергетска и климатска политика.

Во последниот „Извештај за оценка на усвоените национални планови за енергија и клима 2025–2030 и напредокот во 2025 година кон енергетските и климатските цели во Енергетската заедница“ позитивно се оценети напредокот на Македонија и исполнувањето на преземените обврски.

Обновливите извори имаат централно место во енергетската транзиција, при што учеството на чистата енергија во производството на електрична енергија забрзано расте. Особено е изразен развојот на фотонапонските и хидроенергетските капацитети.

Според резултатите, инсталираниот капацитет на електроцентралите од обновливи извори веќе ја надминал националната цел и индикативната траекторија утврдена со НПЕК.

Планот предвидува до 2030 година обновливите извори да учествуваат со 38 отсто во бруто финалната потрошувачка на енергија. Предвиден е растечки тренд во трите клучни сектори – производството на електрична енергија, греењето и ладењето и транспортот.

Националните цели за обновлива енергија се усогласени со рамките на Енергетската заедница и ги исполнуваат минималните барања во сите четири категории опфатени со НПЕК.

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат со креирање и спроведување политики и мерки за поттикнување на инвестициите во обновливи извори, подобрување на регулаторната рамка и забрзување на декарбонизацијата.

Во следниот период како приоритети се наведуваат намалувањето на примарната потрошувачка на енергија, развојот на обновливите извори и подобрувањето на енергетската ефикасност, паралелно со зајакнувањето на внатрешниот енергетски пазар.

Во тој процес значајно место имаат пазарното поврзување, активното учество на потрошувачите, сопственото производство и потрошувачка на електрична енергија, енергетските заедници, системите за складирање енергија и воведувањето паметни мерни системи.

Министерството оценува дека со овие активности енергетскиот сектор се насочува кон поголема сигурност во снабдувањето, зголемено домашно производство од обновливи извори и поефикасен и современ енергетски систем, во согласност со националните цели и европските стандарди.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top