Бизнис

Секоја четврта контрола покажува дека не се издаваат фискални сметки, алармира УЈП

Во пресрет на празничната сезона, кога прометот во угостителството традиционално расте, УЈП најавува продолжување и заострување на контролите, особено во објектите со висок и нередовно пријавен промет. Порaката до стопанството е дека „советодавниот период“ завршил, а оние што и понатаму ќе избегнуваат да издаваат фискални сметки ќе се соочат со високи казни и затворање на локалите.

Управата за јавни приходи ги засилува контролите во угостителството пред празниците, откако бројките покажаа дека неиздавањето фискални сметки и понатаму е масовна појава. Од почетокот на годината до крајот на ноември спроведени се околу 4.000 контроли, а секоја четврта завршува со констатирана неправилност во делот на фискализацијата. Од УЈП информираат дека пред да почнат со построг режим на казни биле направени околу 3.500 советодавни посети на терен. При тие посети биле откриени нефункционални или неправилно регистрирани фискални апарати, непријавен дневен промет и неводење соодветни финансиски извештаи.

Анализите на податоците од ГПРС-системите, теренските контроли и ДДВ-пријавите покажале ризични обрасци кај дел од даночните обврзници – исклучително ниски или идентични дневни промети, несогласувања меѓу фискалните уреди и пријавениот ДДВ, како и големи разлики меѓу капацитетот на локалот и пријавениот промет. Според УЈП, тоа е јасен сигнал дека дел од готовинскиот промет воопшто не се евидентира.

Резултатите од контролите се веќе мерливи: изречени се над 2.500 казни, а 113 угостителски и други објекти се запечатени поради сериозни прекршувања на даночните правила. На дел од даночните обврзници им е изречена и забрана за вршење дејност.

  • „Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет“, порачуваат од Управата.

Покрај неиздавање сметки, инспекторите утврдиле и неуплаќање на дневниот промет во банка, како и неводење книга на дневни финансиски извештаи, иако тоа е законска обврска.

УЈП апелира до граѓаните да бараат фискална сметка за секоја услуга и секое кафе платено во локал, потсетувајќи дека токму фискалната сметка е гаранција дека прометот е евидентиран. Од Управата предупредуваат дека непочитувањето на правилата ја храни сивата економија и директно го оштетува државниот буџет – пари што потоа недостигаат за здравство, образование и други јавни услуги.

Во пресрет на празничната сезона, кога прометот во угостителството традиционално расте, УЈП најавува продолжување и заострување на контролите, особено во објектите со висок и нередовно пријавен промет. Порaката до стопанството е дека „советодавниот период“ завршил, а оние што и понатаму ќе избегнуваат да издаваат фискални сметки ќе се соочат со високи казни и затворање на локалите.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top