Бизнис

Силен годишен раст на средствата кај финансиските институции, објави Народна банка

Вкупните средства на останатите финансиски институции во вториот квартал од годинава достигнаа 336,36 милијарди денари, односно околу 5,47 милијарди евра. Во споредба со првото тримесечје, регистрирано е зголемување за 7,2 насто – за 22,69 милијарди денари или 369 милиони евра. На годишно ниво растот изнесува 22,1 насто.

Вкупните средства на останатите финансиски институции во вториот квартал од 2026 година достигнаа 336,36 милијарди денари, што претставува квартален раст од 7,2 отсто и годишен раст од 22,1 отсто. Најголем придонес во растот имаат пензиските фондови, покажуваат податоците за движењата кај останатите финансиски институции (ОФИ). Останатите финансиски институции учествуваат со 23,3 отсто во вкупните средства на финансиските институции. Во структурата на ОФИ доминираат пензиските фондови, со учество од 63,7 отсто, додека осигурителните друштва учествуваат со 13,5 отсто.

Растот на средствата на ОФИ на квартална и на годишна основа, главно, се должи на зголемувањето на средствата на пензиските фондови. Позитивни движења се забележани и кај другите потсектори, со исклучок на финансиските друштва, кои на квартална основа регистрирале пад. Од аспект на инструментите, растот на страната на средствата е поддржан од поголемите вложувања во сопственички и должнички хартии од вредност. Дополнителен придонес имаат и валутите и депозитите, побарувањата врз основа на кредитите и другите побарувања. Кај обврските, промените на квартална и на годишна основа во најголем дел се резултат на повисоките капитални сметки и на техничките резерви на осигурувањето. Помал позитивен придонес имаат и обврските врз основа на кредитите.

Вкупните средства на пензиските фондови, кои ги опфаќаат задолжителните и доброволните фондови, во вториот квартал од 2026 година се зголемиле за 8 отсто на квартална и за 21 отсто на годишна основа. Растот, главно, произлегува од зголемените вложувања во сопственички и должнички хартии од вредност. На страната на обврските, зголемувањето во целост се должи на повисоките капитални сметки и на техничките резерви на осигурувањето.

Значителен раст е забележан и кај инвестициските фондови. Нивните вкупни средства во вториот квартал се зголемиле за 12,3 отсто во споредба со претходниот квартал, додека на годишна основа растот достигнал 44,2 отсто. Најголем дел од зголемувањето произлегува од повисоките вложувања во сопственички хартии од вредност, како и од зголемувањето на валутите и на депозитите. Помал позитивен придонес имаат и другите инструменти. На страната на обврските, растот на квартална и на годишна основа речиси во целост произлегува од зголемените капитални сметки. Вкупните средства на осигурителните друштва во вториот квартал од 2026 година се зголемиле за 3 отсто во однос на претходниот квартал, при што најголем придонес имаат повисоките вложувања во сопственички и должнички хартии од вредност.

На годишно ниво, средствата на осигурителните друштва се повисоки за 8,8 отсто. Растот, главно, се должи на зголемените инвестиции во должнички и сопственички хартии од вредност, а во помал дел и на нефинансиските средства и на валутите и депозитите. Кај обврските, растот на квартална и на годишна основа произлегува, пред сè, од повисоките технички резерви на осигурувањето и капиталните сметки.

За разлика од другите потсектори, финансиските друштва во вториот квартал забележале квартален пад на вкупните средства од 1,1 отсто. Сепак, на годишна основа нивните средства се зголемиле за значителни 30,3 отсто. Најголемиот дел од средствата на финансиските друштва се однесува на побарувања врз основа на кредити, кои достигнале 15,97 милијарди денари. Кредитирањето во овој потсектор на квартална основа е намалено за 1,9 отсто, но на годишно ниво бележи раст од 28,6 отсто.

Кварталниот пад на обврските се должи на намалените обврски врз основа на кредитите и другите обврски, во услови на зголемување на капиталните сметки. На годишно ниво, растот на обврските, главно, произлегува од повисоките обврски врз основа на кредитите и капиталните сметки.

Друштвата даватели на финансиски лизинг во вториот квартал од 2026 година забележале раст на вкупните средства од 4,8 отсто на квартална и 21,7 отсто на годишна основа. Најголемиот дел од средствата на овој потсектор се однесува на побарувањата врз основа на кредитите, кои достигнале 13,91 милијарда денари. Кредитирањето кај давателите на финансиски лизинг е зголемено за 6,6 отсто на квартална и за 23,3 отсто на годишна основа. На страната на обврските, растот, главно, произлегува од зголемените обврски врз основа на кредитите, а дополнителен позитивен придонес имаат и другите обврски и капиталните сметки.

Најнови вести од: Бизнис

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

To top