Хроника

Обвинение против шестмина, со измами земале брзи кредити на туѓо име и од 2022-2024 „ќариле“ 52 илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против шест лица осомничени за организирана измамничка шема со брзи кредити, во која, според обвинението, биле злоупотребувани лични податоци, користени фалсификувани исправи и внесувани невистинити податоци во информатички системи. Покрај обвинението, против уште 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог за кривичното дело „компјутерска измама“.




Според Обвинителството, обвинетите извршиле повеќе временски поврзани дејствија, користејќи исти околности и начин на дејствување, при што во информатичките системи на повеќе финансиски друштва внесувале невистинити податоци за добивање брзи кредити.

Во шемата, според ОЈО, учествувало и службено лице вработено во Фондот за здравствено осигурување, кое им овозможило пристап до ЕЗБО број преку електронскиот систем на институцијата. Со тие податоци, обвинетите користеле фалсификувани исправи и злоупотребувале лични податоци на други лица за да подигнат брзи кредити на нивно име.

Обвинителството наведува дека четворица од обвинетите, во периодот од февруари 2023 до јуни 2024 година, стекнале противправна имотна корист од 2.509.808 денари, додека останатите во текот на 2022 и 2023 година прибавиле дополнителни 659.500 денари. Односно, севкупно ооколу 52 илјади евра.

За четири лица кои биле опфатени со истрагата, јавниот обвинител донел решение за запирање на постапката. За двајца не биле обезбедени докази за нивна вмешаност, а другите двајца починале во текот на постапката.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top