Македонија

Од маркети до кафетерии: Еко-патролата со средби за почисто Скопје

Во текот на минатата седмица, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше работни средби со  претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот.

Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против Јанкуловска

„Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните права“, вели Гордана Јанкуловска

Две дојави за бомби за време на концертот на популарниот српски рапер во салата „Јане Сандански“

Викендов за време на концерт на популарниот рап пејач познат по прекарот Девито, во салата „Јане Сандански“ во Скопјe, се случи вознемирувачка ситуација – пристигнаа две закани за подметнати бомби, пишуваат српските медиуми.

(Фото): Орден „8 Септември“ за д-р Сашко Кедев од Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска му го врачи Орденот „8-ми Септември“ што му го додели на кардиологот и алпинист Сашко Кедев, а како признание за неговиот долгогодишен професионален и општествен ангажман. Високото државно одликување на д-р Кедев му се доделува за „храбар придонес во конституирањето на самостојна и независна Република Македонија и активното учество во развојот на македонската демократија но и за резултатите што ги постигнал во медицината и алпинизмот.

Скопје ќе блесне во новогодишен сјај – Градот издвои буџет од 70.000 евра за празнично украсување

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе излезе со ветување дека „Скопје ќе блесне во сјајот на Новата година“. Градскиот совет одобри буџет од 70.000 евра – износ што треба да ги покрие и украсите и новогодишната програма.

To top