Македонија

Калас: Сега е вистинско време да се почне со пиење алкохол?!

„Политико“, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека највисокиот дипломат на ЕУ, за време на состанокот со политичките групи на Европскиот совет, навидум шегувајќи се изјавила дека поради моментната глобална ситуација сега е „совршено време да се почне со пиење“. Калас им рекла на лидерите на политичките групи во Европскиот парламент дека иако обично пие малку, со оглед на светските настани, сега можеби е време да почне. Сепак, Калас додала, за секој случај, дека самата таа не е најголем обожавател на алкохол.

„Оне Македонија“ , подружница на “4иГ Групацијата“ ќе ја гради националната 5Г мрежа

„Оне Македонија“ беше единствениот учесник во тендерската постапка, со што ѝ се овозможува да изгради и управува со една од најнапредните и најбезбедни самостојни 5G мрежи во регионот

(Видео): Филипче против укинување на Техничка влада, вели прво реформски закони па после друго

Техничката влада е воведена поради злоупотребите на институциите токму во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години, а сега истото се случува, поради тоа не поддржуваме укинување на Техничка влада. Лидерот на СДСМ уште еднаш го повтори ставот и смета дека е оправдана одлуката да не присуствува на лидерската средба.

Колку пари потрошиле општините низ Македонија за новогодишно украсување на градовите?!

Скоро 800 илјади евра потрошиле анализираните општини за новогодишно украсување, но оваа сума ќе расте бидејќи се чекаат податоци од уште шест општини. Интресно е дека 78% од сумата ја добила само една компанија, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Најмногу пари потрошила Општина Штип, а на втро место е Град Скопје.

Пазарниот инспектор се засилува со нови 40 инспектори, ќе се контролира кој ги крши законите

Дури 129 пазарни инспектори контролираат над 40 закони низ цела Македонија. Надлежните велат дека инспекторите работеле цело времре, и направиле многу проверки, но потребни се нови колеги. Министерот за економија и труд, Дурмиши, уверува дека се работи на тоа прашање – веќе се обучувале околу 40 нови работници.

Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, а за укинување на техничката влада да се консултираат ЕУ и САД

„Во однос на прашањето за техничката влада, ние сме на ставот дека треба да се консултираме дополнително со меѓународната заедница, меѓународниот фактор и партнерите кои се коавтори на текстот за Пржинската влада – ЕУ и САД.“ – посочи Ахмети.

Најнови вести

To top