Македонија

Час поскоро да се извади „преспанскиот нож“ од срцето на македонскиот идентитет, заради прв чекор кон нетериторијалниот Македонски свет како духовно обединување на сите Македонци!

Потпирајќи се врз поставките на Крсте Мисирков од „За македонцките работи“, потребно е час поскоро да се возобнови македонската држава со своето вистинско име Република Македонија, како и илинденско-асномската социолингвистичка реалност, во чие средиште ќе продолжи да опстојува државотворниот македонски народ со својот македонски идентитет и македонски јазик. Ова е предусловот за создавањето на нетериторијалниот „Македонски свет“ како единствена јазична, духовна и културна татковина на сите Македонци од Балканот, Европа и светот.

„Македонски свет“ заради духовно поврзување на Македонците, а Преспанскиот и “северна” како хартија за бришење…

Ниту грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, ниту нивниот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис не можат да им заповедаат на Македонците во државниот националниот, политичкиот и јавно-медиумскиот простор

ВРЕДИ: ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство ќе треба да оди во длабока политичка пензија

Пет месеци по „свечената” Декларација за внатрепартиски ветинг, ДУИ нема ниту резултати, ниту механизам, ниту храброст да се соочи со сопствениот криминален врв. Кога сфатија дека вистинското прочистување мора да почне од нив самите, едноставно се повлекоа. ДУИ престана да зборува за ветинг, реагираат од Коалицијата Вреди. „ДУИ го избегнува ветингот затоа што целото раководство […]

Славески: Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги

Трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за извршување платни услуги − најави гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за емисијата „Трилинг“. Оваа позитивна најава следи по интензивниот дијалог што Народната банка го води со банкарскиот сектор за унапредување на пристапот на граѓаните до поефикасни и […]

Стерјовски: Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот за Македонија на Европскиот парламент, под диригирано влијание на Бугарија, е срамна страница во неговата историја и тежок удар врз темелите на ЕУ!

„Бришењето на македонскиот јазик и идентитет од извештајот за Македонија на Европскиот парламент, под диригирано влијание на Бугарија, претставува срамна страница во историјата на Европскиот парламент и тежок удар врз темелите на Европската унија, кои се изградени врз човекови права, еднаквост, недискриминација и почитување на различноста.“ – оценува Васил Стерјовски, лидерот на партијата Македонска алијанса […]

To top