Македонија

(Видео): Ужичко оро среде граница – новиот систем за патување го зголеми метежот кон јужниот сосед

Ужичко оро на македонско-грчката граница. Новиот систем за патување наместо да ги намали, го зголеми метежот на границата со јужниот сосед. Чекањето со часови не им претставувало проблем на 14.000 наши државјани кои отпатувале на продолжен викенд – велат туристичките работници. Иако, првичната цел на системот беше да се зајакне контролата за денови на престој, сепак на враќање не се вршело скенирање.

Откако е пуштен на условен отпуст, Чавков бара правна потврда дали судењата биле без влијанија кога беше осуден за наводен „тероризам“ во случајот „27 април“!

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков кој беше осуден за случајот „27 април“ денеска е пуштен на условен отпуст, потврди за Македонската информативна агенција – МИА директорот на Затворот во Штип Дејан Здравков. Чавков излегол од штипскиот затвор денеска околу 10 часот. На својот фејсбук-профил Чавков денес нагласува дека е „потребен јасен и доверлив процес за правна потврда на најспорните постапки“. „НЕ РЕВИЗИЈА на пресуди, туку проверка дали постапките биле ФЕР, НЕПРИСТРАСНИ и ослободени од влијанија.“ – нагласи Митко Чавков денес по пуштањето на условен отпуст.

Самсунг (“Samsung”) го најавува почетокот на претпродажбата на новата генерација телевизори за 2026 година со премиум слика и саундбар звучник како подарок

Компанијата Самсунг (“Samsung”) одбележува 20 години глобално лидерство како светски број 1 бренд за телевизори1 со специјална промотивна понуда по повод пристигнувањето на новата линија телевизори за 2026 година.

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

To top