Македонија

(Фото): Сензорна соба со специјализирана опрема отворена во Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош

Подобрени услови за поддршка на учениците се обезбедени во ООУ „Петар Поп Арсов“, каде што денеска беше отворена нова сензорна соба. Просторот е наменет за учениците на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка и е опремен со различни реквизити и дидактички помагала.

Во ООУ „Петар Поп Арсов“ денеска беше отворена нова сензорна соба, наменета за подобрување на условите за работа и развој на учениците на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка. На отворањето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја поздрави иницијативата и донацијата со која се збогатуваат условите во училиштето.

Сензорната соба е донација од Здружението на граѓани „ПОЗИТИВО“ од Скопје, а вкупната вредност на донацијата изнесува 134.997 денари. Со оваа иницијатива, просторот е опремен со различни реквизити и дидактички помагала кои овозможуваат стимулирање на сетилата, развивање на моторичките способности и создавање пријатна и безбедна средина за учениците. Во рамки на донацијата се обезбедени повеќе реквизити. Имено, посебната просторија содржи соодветна подлога за дечињата,  платнена лулашка, трамболина со рачка, проектор „Ѕвездено небо“,  душек, сензорно огледало “, меки ѕидни панели, графомоторичка табла, прилагодлив  тунел и магнетни плочки. Донацијата го опфаќа и поставувањето, односно монтажата на сензорната соба.

Со отворањето на овој простор, ООУ „Петар Поп Арсов“ добива дополнителни можности за реализација на активности прилагодени на индивидуалните потреби на учениците, со цел унапредување на нивниот развој, учењето и благосостојбата. Иницијативата претставува пример за значењето на соработката меѓу образовните институции, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор во создавањето поинклузивна и поддржувачка училишна средина.

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Македонија.

Најнови вести

To top