Хроника

МВР: Тројцата скопјани Ј. Ј., В. А. и В. С. се лишени од слобода, поради претепувањето малолетник и избодување со нож во Ченто, Скопје

Три лица се приведени поради физички напад и нанесување повреди со остар предмет на малолетник во скопската Општина Гази Баба, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму додаваат дека настанот се случил на 22 јуни во 23.05 часот на подрачјето на Гази Баба. „Од слобода се лишени Ј. Ј., В. А. и В. С. од Скопје затоа што физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет“, се вели во полицискиот извештај за случајот.
Според полицијата, со осомничените се извршени службени разговори, а по целосното документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Како што претходно објавија дел од медиумите, повикувајќи се на изјави на родителите на повредениот малолетник, нивниот син без причина е физички нападнат, претепан и избоден со нож во скопската населба Ченто. Според нивните тврдења, тој е пронајден од случаен минувач што повикал Итна медицинска помиш и полиција. 

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се тврди дека е прикажано повреденото момче што по нападот лежи во бессознание.

Најнови вести од: Хроника

Ристова: До кога врсничко насилство, треба ли да ни се случи „Рибникар“?

Адвокатката зачудена како тоа родителите на децата што крвнички тепале 12.годишно девојче и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“

To top