Свет

Германската Влада се согласи за клучните реформи за излез од кризата

Практиката вработените да одат на краткотрајно боледување само со телефонски повик ќе биде укината, а реформата предвидува ослободување на компаниите од товарот на барање одобрение, како и намалување на стандардите за заштита на податоците на минимум на Европската Унија.

По маратонските преговори, лидерите на владејачката коалиција постигнаа договор за важен пакет реформи што треба да ја „вратат Германија на нозе“ и да ја извлечат од повеќегодишната економска криза. Програмата за реформи од 34 точки ги опфаќа даночниот систем, пазарот на трудот и бирократските процеси.

  • „Го олеснуваме товарот врз работниците и економијата со намалување на даноците и намалување на бирократијата“, рече канцеларот Фридрих Мерц додека ги презентираше реформите пред медиумите во четврток, пренесува ДПА. „На почетокот си поставивме распоред со една цел: сакаме да ја вратиме Германија на нозе, а сега е јасно дека тоа е можно“, додаде конзервативниот канцелар.

Тој побара од граѓаните поддршка.

  • „Знаеме дека сакате одлуки, а не дискусии. Тоа е она што го нудиме сега… со барање да се вклучите и да нè поддржите во потребните реформи“, рече тој.

Пакетот реформи е централниот внатрешнополитички проект на коалицијата на Христијанско-демократската унија (CDU) на Мерц, Христијанско-социјалната унија (CSU) од Баварија и Социјалдемократската партија (SPD). Согласувањето од вториот обид, по пропаѓањето на првиот и неколкумесечните препирки, во исто време е можност коалицијата да сигнализира единство и можеби да го спречи пропаѓањето на анкетите пред важните покраински избори.

Планот вклучува даночни олеснувања за средните и ниските приходи, финансирани со оданочување на големите приходи. Вклучен е и механизам за покривање на недостигот од федерални и покраински даночни приходи. Што се однесува до пазарот на трудот, реформата ќе им овозможи на работодавците поголема квота на договори за вработување на одредено време и ќе го олесни отпуштањето на високоплатените вработени.

Практиката вработените да одат на краткотрајно боледување само со телефонски повик ќе биде укината, а реформата предвидува ослободување на компаниите од товарот на барање одобрение, како и намалување на стандардите за заштита на податоците на минимум на Европската Унија.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top