На 6 декември 2026 Ана и Игор Дурловски на најголем заеднички концерт досега во Македонија: Два светски гласа – еден ЗАВЕТ!
Ќе биде организиран најголемиот заеднички концерт досега во Македонија на двата најголеми оперски гласа кои оваа земја му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски! На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, Ана и Игор Дурловски ќе ја претстават својата најамбициозна заедничка концертна продукција – ЗАВЕТ. Двајцата истакнати македонски оперски уметници, со меѓународни кариери и настапи на престижни светски сцени, ќе ја поведат публиката на несекојдневно музичко патување – од ремек-делата на класичната и оперската музика, преку незаборавните филмски теми и современите светски хитови, до богатството на македонското музичко наследство.