Сиљановска-Давкова: Барањата од соседите кон Македонија се надвор од европските критериуми! ЕУ да ја преиспита политиката кон Западниот Балкан
Претседателката на Република Македонија д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија. Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.