Бебе почина в болница – телото дадено на обдукција
Министерството за здравство соопшти дека наложило Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење.