Шефови во УЈП и бизнисмени осомничени за криминал тежок 4,8 милиони евра
Заврши распитот на осумте приведени лица поврзани со вчерашната обемна акција во Управата за јавни приходи, по што Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 30 дена. Како што информира Судот, по нивното произнесување, како и по оценка на фактите и приложените докази, бил прифатен предлогот на обвинителството и на сите осум осомничени им е определен притвор поради постоење на сите три законски основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик да го довршат или повторат кривичното дело.