Регион

Србија се враќа кон задолжителна воена служба

Претседателот Вучиќ истакна дека пред почетокот на регрутацијата ќе бидат спроведени потребните административни и логистички подготовки.

Србија ќе ја врати задолжителната воена служба од март следната година, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според најавата, воената обука ќе трае 75 дена и ќе ги опфати мажите помлади од 30 години. Вучиќ ја оцени обуката како „многу кратка“, но неопходна за зголемување на одбранбената подготвеност на земјата.

Најавата беше дадена на воениот аеродром Батајница кај Белград, каде што беше организирана голема презентација на воена опрема, вклучувајќи модерни авиони, хеликоптери, ракетни системи и друго вооружување.

Претседателот Вучиќ истакна дека пред почетокот на регрутацијата ќе бидат спроведени потребните административни и логистички подготовки.

Србија ја укина задолжителната воена служба во 2011 година, кога целосно премина на професионална армија. Сегашната одлука доаѓа во услови на зголемени безбедносни предизвици во Европа, поради што повеќе држави ги преиспитуваат своите одбранбени политики.

Слични размислувања се водат и во Германија, каде што се разгледува можност за повторно воведување на задолжителна воена служба доколку не се исполнат целите за доброволно регрутирање.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна најави амбициозни планови за зајакнување на Бундесверот, со цел бројот на активни војници да достигне 260.000 до 2035 година.

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top