Регион

Вучиќ: Верувам дека ќе се вратиме на власт за две години

Луѓето што гласаа за ’Студентската листа‘ ќе сфатат дека направиле грешка штом нивната сопствена егзистенција ќе биде загрозена

 

Носителот на листата „Обединета Србија“, која изгуби на парламентарните избори во неделата во Србија, верува дека ќе се врати на власт за две години, напоменувајќи дека СНС (Српска напредна странка) ќе помине низ голема реорганизација.

„Нема да се вратиме на власт утре, но верувам дека тоа ќе се случи за две години – можеби дури и порано. Луѓето што гласаа за ’Студентската листа‘ ќе сфатат дека направиле грешка штом нивната сопствена егзистенција ќе биде загрозена“, рече екс-претседателот на Србија Александар Вучиќ,

Вучиќ предупредува: Ќе воведат санкции кон Русија,но и ќе признаат дека сме геноциден народ

Тој посочи дека и на други места се случиле промени наведувајќи ја ситуацијата во Бугарија, случајот со Доналд Трамп (кој се соочи со прогон, но сепак победи) и примерот на чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој извојува победа по наводен голем корупциски скандал.

Најави голема реорганизација на Српската напредна странка (СНС), нагласувајќи дека партијата ќе биде отворена за соработка со секој што сака да се приклучи кон формирањето на најширок можен фронт против актуелната власт.

„Ќе поставиме нови луѓе на раководни позиции и ќе спроведеме значајни промени – сето тоа со обновена сила“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека нема основа за дијалог со оние што се обидуваат да ги елиминираат своите противници наместо да ги почитуваат демократските норми.

Додаде дека „Оние што организираа ’обоена револуција‘ се оние што ја диктираат политиката“, а целта на победничката листа е „да се замолчи секој независен глас“.

Вучиќ се пофали дека по изборите, во текот на изминатите два дена разговарал со бројни пријатели:
„Но, да ви кажам колку пријатели имам: денес и вчера разговарав со луѓе – главно тие ми се јавуваа како пријатели. Разговарав со Виктор Орбан, Емануел Макрон, Џорџа Мелони, Антонио Коста и многу други. Разговаравме за разни прашања, но пред сè, тоа беше пријателски разговор.
И верувам дека во наредните денови ќе се видам со Виктор Орбан во Белград, бидејќи ќе се бориме заедно.

 

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top