Свет

До 15 години по влезот во ЕУ без право на вето, најави Кос

На новите членки ќе им се ограничи можноста за блокирање за буџетски, безбедносни и надворешнополитички прашања

facebook.com/marta.kosmarko

Новите членки на Европската Унија нема да имаат право на вето во три клучни области во првите 15 години од зачленувањето, како дел од новите заштитни механизми во пристапниот процес, најави еврокомесарката за проширување Марта Кос на денештото официјално отворање преговори со Украина и со Молдавија.

„Ова ќе биде нова генерација на пристапни договори, во смисла дека ќе имаме нови заштитни механизми. Полноправното членство ќе биде можно дури кога државите ќе ги исполнат сите услови. Не постои половично или четвртина членство. Постои само полноправно членство“, ја цитира еврокомесарката порталот „Еурактив“.

Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург бараат на новопримените членки да им се ограничи можноста за одлучување за буџетски, безбедносни и надворешнополитички прашања.

 

 

Најнови вести од: Свет

To top