Свет

Трамп: Обновувањето на односите Лондон-Пекинг е „многу опасно“

Предупредувањето дојде откако британскиот премиер се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг вчера во Пекинг, од каде најави „пософистицирани“ односи меѓу двете земји

Американскиот претседател упати сериозно предупредување до Велика Британија да не ги обновува односите со Кина

Обновувањето на односите на британскиот премиер Кир Стармер со Кина е „многу опасно“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од Политико.

Предупредувањето од американскиот претседател дојде откако британскиот премиер се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг вчера во Пекинг, од каде најави „пософистицирани“ односи меѓу двете земји и обезбеди безвизно патување за британските граѓани во Кина до 30 дена, како и намалување на кинеските царини за шкотското виски.

Стармер внимаваше да нагласи дека нема да избира помеѓу трговијата со САД и Кина.

Даунинг стрит истакна дека самиот Трамп планира да ја посети Кина во април и дека американскиот претседател го нарекол Си пријател.

Стармер, исто така, го спореди својот пристап со оној на канадскиот премиер Марк Карни, чија посета на Кина овој месец – и последователниот говор во Давос во кој тој прогласи дека стариот светски поредок е „нарушен“ – го натераа Трамп да ѝ се закани на Отава со нови царини.

„Многу е опасно за нив да го прават тоа“, рече тој. „И уште поопасно е, мислам, Канада да соработува со Кина“.

„На Канада не ѝ оди добро. Тие се многу лоши и не можете да гледате на Кина како решение“.

Британски владин претставник изјави дека САД однапред биле запознаени со патувањето на Стармер и целите на Велика Британија.

 

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top