Тема: бизнис

Нето наплатата на даноците и социјалните придонеси за 260 милиони евра повеќе отколку лани, велат од УЈП

Во првите десет месеци, имаме раст на даночната нето наплата од над 6%, а кај социјалните придонеси, речиси 10%. Што ни кажуваат овие бројки? Тие ни го кажуваат најважното: економијата расте, активноста се зголемува, а со тоа растат и приходите. Тоа е резултат не само на поефикасната работа на УЈП, туку и на поголемата дисциплина и одговорност кај обврзниците, велат од УЈП.

(Видео): Наскоро нова авионска линија Виена-Охрид

Со доаѓањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во туризмот се бележи раст од 20%, како и со обезбедување на 21 нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром. Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски во емисија на Канал 5 телевизија, во „Само Интервју“.

(Видео): Вложувањето во човечки капитал е најважната задача на една институција

Стојановски својата кариера ја започнал во Народна банка на Македонија, токму во периодот кога институцијата ги градела својата улога и своите капацитети, особено во доменот на банкарската супервизија. Во Народна банка поминува 13 години напредувајќи низ различни работни позиции, сè до функцијата генерален менаџер на Дирекцијата за супервизија, регулатива и финансиска стабилност.

Ја почитуваме одлуката на КЗК – казната е плод на претходното раководство, велат од ССК

Казната која ја доби Сојузот на стопански комори за вмешаноста во картелското здружување на маркетите е големо нарушување на угледот на комората, се огласи новото раководство на ова бизнис здружение. Од ССК велат дека екс раководната структура не ги почитувала структурите и го прекршила статутот на комората и затоа сега ќе се сносат последици. 

Намерно ја поскапувале храната – Казни од 50.000 евра за четири маркети оти договарале цени

Казни за четири фирми и ССК – се договориле да не прифаќаат нови или зголемени цени од добавувачите. Поради тоа, секое од трговските друштва е казнето со по 50.000 евра, додека висината на казната што се однесува за Сојузот на стопански комори кои биле главните координатори на целата акција е 18,585 илјади евра.

Раст на капиталните инвестиции од близу 50% – економија оди напред

Министерката за финансии оценува дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација. Ако се прилагодаи методологијата за двете години да биде иста, тогаш годинава имаме реализација од 28 милијарди, или тоа е 47,4% повеќе, рече Димитриеска-Кочоска.

Објавен проспектот за третата Граѓанска обврзница со камата од 4,5%

Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година. Ова е трета емисија на Граѓанска обврзница којашто ја издава Министерството за финансии. Двете емисии беа во вкупен износ од 41,1 милион евра и веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра, велат од Финансии.

(Фото): На располагање 25 милиони евра – рекорден интерес кај младите за самовработување

Мерката за самовработување постигна рекорд со 6.045 поднесени апликации, што е доказ дека граѓаните имаат желба, знаење и доверба да изградат сопствен бизнис, рече премиерот. Поради големиот интерес, Министерството за економија заедно со Агенцијата за вработување, ѝ предложија на Владата ревизија на Планот, со што беа обезбедени дополнителни 300 милиони денари, од кои 161 милион преку ребалансот, за ниту еден потенцијален претприемач да не остане без шанса.

(Фото): Промовиран Ресурсниот центар за развој на општините – ново поглавје во поддршката на нивно развивање

Убава вест за сите општини ширум Македонија. Со воспоставувањето на Ресурсниот центар започнува ново поглавје во поддршката на локалниот развој, поглавје кое ја потврдува целосната определба дека вистинскиот напредок започнува локално.

Бизнисот не сака чести избори, оти со месеци се парализира државата

Според, последните податоци на НБРМ, минатата година во првите два квартали странските инвестиции изнесувале околу 560 милиони евра, оваа година пак во истиот период се преполовени, односно малку над 220 милиони евра.

Просечната плата расте, а синдикалната кошница се празни, алармира ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува на својот пресметан минимум: за едно четиричлено семејство, потребни се најмалку 65.173 денари за месечни трошоци. Доколку домаќинството плаќа кирија или отплаќа кредит за стан, сметката скока на околу 80.000 денари. Тоа значи дека една просечна плата не покрива ни две третини од синдикалната кошница, а во многу семејства и понатаму само еден член формално носи плата дома.

To top