Тема: Дрисла

(Видео): Пожарот во Трубарево го изгасивме за помалку од 30 часа, институциите делуваат и ќе се справиме, рече премиерот

Премиерот Мицкоски посочи дека верува дека во Трубарево работата е завршена и дека има одреден слој на земја кој го има покриено сметот кој гореше и состојбата е стабилизирана, додека параметрите на загадување се далеку од тие кои се обидуваат со шпекулации и невистини да ги соопштува во јавноста опозицијата и не се животозагрозувачки како некој што се обидува тоа да го каже, посочувајќи дека ова не го кажува за да го оправда пожарот, туку да внесе мир и спокој кај граѓаните, рече премиерот.

Ангелов: Се затрупува критичниот дел од Дрисла со цел да се намали чадењето

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово информира дека со засилено темпо продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата „Дрисла“ од кој излегува чадење, површина голема приближно колку едно фудбалско игралиште..

(Фото): Можно ли е вработени во „Дрисла“ намерно да ја потпалуваат депонијата?!

Надлежните открија дека имало најмалку три обиди за ново палење. Побараа засилено полициско присуство и дополнителни методи на набљудување, бидејќи дел од депонијата е необезбеден и лесно достапен.

Ангелов: Чадот што се шири во делови од Скопје е од депонијата „Дрисла“, ветрот го смени правецот

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, посочи дека и вечерва и во текот на утрешниот ден продолжуваат активностите за затрупување на критичните делови од пожарот на депонијата.

Мицкоски: Ќе ги решиме „Вардариште“ и „Дрисла“, кои треба да личат на модерна европска депонија со фабрика

„Ќе ја решиме депонијата во Вардариште и ‘Дрисла’, која треба да личи на модерна европска депонија со фабрика, што ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот“, кажа премиерот.

To top