Тема: топ

Територијални стремежи кон РМ: Албанскиот ексминистер се заканува дека „албанскиот дел на РСМ ќе се обедини со Албанската федерација“, а „бугарскиот дел со Бугарија“!

„Адвокатот Спартак Нѓела реагираше со остра објава во врска со албанското прашање на Балканот, изјавувајќи дека ‘доаѓа албанска федерација со пет албански држави’. Нѓела, кој е поранешен министер за правда на Албанија навел тврдење: ‘Словенските освојувачи се чувствуваат исплашени, но Западот и Соединетите Американски Држави се за независност на албанска С.Македонија, на сите Албанци, бидејќи бугарскиот дел од С.Македонија зборува за негово обединување со Бугарија!“- објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Кекеновски: Изјавата „нема повеќе идентитетски отстапки“ не е противевропска порака, туку поставување „црвена линија“! Глас на крената глава, а не на подвиткан грбник!

„Во македонската политика долго време недостигаше чувствтоо дека државата разговара со Европа исправено, а не со наведната глава и со подвиткан грбник. Затоа пораките што премиерот Христијан Мицкоски ги испрати од Охрид, по средбата со Андреј Пленковиќ, заслужуваат внимателно читање, а не автоматски аплауз или автоматска осуда. Да се каже дека Македонија останува посветена на Европската Унија, а истовремено да се признае дека процесот одамна престана да биде чисто европски и се претвори во билатерален лавиринт не е радикализам. Тоа е констатација што денес тешко може сериозно да се оспори.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Конечно гласи јазик што не звучат понижено.“

Филипче бара референдум за „Бугари во устав“: Граѓаните нека одлучат за европската иднина на земјата!

Лидерот на СДСМ Венко Филипче повика власта да распише референдум за прашањето на уставните измени, со цел да се внесе „бугарското малцинство“ во Уставот и да се деблокираат преговорите со Европската Унија. „Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа.“ – рече Венко Филипче.

Бесплатен концерт на светската оперска легенда Хозе Карерас на 1.9.2026 во Скопје по повод Денот на независноста на Македонија!

По повод 35 години од независноста на 1 септември на плоштадот во Скопје ќе настапат светски познатиот тенор и најголемите македонски музички имиња, во придружба на македонската филхармонија, а во организација на Владата. Со славниот тенор ќе пејат Калиопи, Каролина Гочева, Наум Петревски, Сузана Спасовска…

Рама: Не е проблем, ако привремено немаме право на вето!

Албанскиот премиер Еди Рама ja поддржува идејата за привремено ограничување на правото на вето во процесот на пристапување за идните членки. Веста доаѓа во време кога неколку членки предложија пристапување „чекор по чекор“ во Унијата со делумен пристап до пазарот и до институциите на Унијата. – Нема да се колебаме, што и да е потребно за да влеземе – изјави Еди Рама велејќи дека Тирана отсекогаш била „100% усогласена“ со надворешната политика на ЕУ.

„Не“ за „евроинтегрирање“ ала „бугарски ластик“, ниту за „бугарски чевли“, што водат во „Санстефанска Бугарија“ во 1878!

Наместо ефтини провокации со „севернизирање“ на македонскиот национален идентитет, наместо тврдења дека „македонскиот јазик не постои“, или оти е „расипан западен дијалект на бугарскиот јазик, „научниците“ од Бугарија и нејзините највисоки државни и политички претставници треба да го прочитаат „Македонскиот речник од 16 век“ и да се осведочат во еден од најважните документи за постоењето и самобитноста на македонскиот народ, идентитет и јазик. Тоа е студија на италијанскиот лингвист Ќиро Ѓанели и францускиот славист-македонист Андре Вајан за македонскиот ракопис со 300 изворни македонски народни зборови, забележани во Костурско, во Егејскиот дел на Македонија – четири века  пред да тврди политичка и лажнонаучна Софија дека „македонските зборови се бугарски зборови“, оти „македонскиот јазик е регионална норма“, или „регионален дијалект на бугарскиот јазик“! Од една страна, дел од овие „научници“ си дозволуваат да се впуштаат во неодржливи фалсификати и негирања на јазикот македонски, чии говори во Суха, Висока и Зарово, кај Солун, ја дадоа основата на севкупната словенска писменост и основата на европската цивилизација преку мисионерското дело на браќата-Македонци Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители. Од друга страна, некои од тие исти „научници“ гордо ги огласуваат на сите ѕвона своите „научни наоди“ дека и „Дракула говорел на чист бугарски јазик“!

Претседателката со порака: Курбан Бајрам ги промовира вредностите на човечност

Преку љубовта и грижата за ближниот, дури и во услови на разлики и предизвици, се гради интегрирано општество, каде различностите претставуваат предност и мост за единство, порачува претседателката на Македонија

To top