Спорт

Алкалоид го спушти на земја Еурофарм Пелистер, се налути потпретседателот на битолчани

Срам да ви е на сите играчи и тренери, грмна Стерјев по поразот од 30:28 што ги симна пелистерци на четвртото место

Ракометарите на Алкалоид славеа со 30:28 над Еурофарм Пелистер во дербито на 11. коло од македонската Суперлига и им приредија непријатно приземјување на битолчани по триумфот над Гумерсбах во Европската лига прексиноќа.

Поразот што битолчани ги спушти на четвртото место на табелата тешко му падна на нивниот потпретседател Бојан Стерјев, кој бурно реагира на социјалните мрежи.

„Сѐ обезбедено, за вака да нѐ брукате! Срам да ви е на сите играчи и тренери!!!!! Фала што нѐ избрукавте!“, напиша Стерјев.

Вардар е прв со 20 бода и натпревар помалку, пред Охрид со 19, Алкалоид со 18, Еурофарм Пелистер со 17 итн.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top