Македонија

Ќе се појави ли Зоран Витанов во емисијата што треба да ја гледаат Обвинителството и Финансиската полиција

Измамата тешка десетици милиони евра влегува во фаза на расчистување

На многумина измамени во случајот со пирамидална шема во која меѓу 15 и 20 илјади македонски граѓани дале пари за ,,облаци” и слични финти не можат да поверуваат дека македонскиот симбол на оваа измама Зоран Витанов утре ќе се појави на емисија во живо.

Новинарот Љупчо Златев кој вчера на Радио Лидер разговараше со двајца измамени најавува дека со Витанов утре ќе дебатира на Радио Канал 77 во емисијата Стадион.

,,Многу сум среќен што господинот Зоран Витанов прифати да дебатира со мене утре на Канал 77 на тема пирамидалната шема Лајонес, Лајконет, My World – која тој ја претставуваше во земјава.

Се надевам дека некој од ОЈО, Финансова полиција и Комисија за хартии од вредност ќе ја следи емисијата. Аргументите кои ќе ги изнесам во дебатата би требало некого да однесат во затвор и со запленет имот.

Слушајте утре на Канал 77, во 10 часот наутро”, објавува Златев.

Вчера наутро во емисијата на Радио Лидер беа објавени шокантни информации за измамата која може да достигне штета за македонските граѓани од десетици до стотина милиони евра.

Повеќе на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top