Свет

Зеленски: Трамп ми кажа дека Путин ме мрази

Одби да одговори какви се неговите „чувства“ кон рускиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Трамп му рекол дека рускиот лидер Владимир Путин го „мрази“.

„Претседателот Трамп ја знае тајната. Мислам дека ја сподели. Мислам дека рече дека Путин ме мрази“, рече Зеленски кога го прашаа зошто Путин го избегнува.

Кога беше прашан за неговите чувства кон Путин, Зеленски одговори дека е „чудно“ да разговара за емоциите додека неговата земја се соочува со напади од Русија.

„Ако се обидат да нè убијат сите, ќе имам поинаков став кон оваа личност“, додаде тој.

Зеленски: Путин се плаши од ракетите „Томахавк“

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top