Македонија

За нецела година инкасирани 58,7 милиони евра од наплата на патарина

Најголем месечен приход е остварен во август, кога биле инкасирани 494 308 025 денари или нешто повеќе од 8 милиони евра. Најпрофитабилната наплатна станица е „Романовце“, додека најниски се приходите од „Кадрифаково“ – станица која се наоѓа на автопатот Скопје – Штип.

Сума од 3,6 милијарди денари или 58,7 милиони евра изнесуваат вкупните приходи од наплата на патарина за периодот од јануари до септември годинава, информира Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Оттаму велат дека најголем приход е остварен во август, односно 494 милиони денари или 8 милиони евра, потоа во јули, околу 7,6 милиони евра, додека, пак, во септември прометот на патарините изнесувал 6,5 милиони евра.

Најпрофитабилната наплатна станица е „Романовце“, додека најниски се приходите од „Кадрифаково“ – станица која се наоѓа на автопатот Скопје – Штип.

  • „Во септември, прометот од патарини по издадени профактури ЕТЦ изнесува 30.870.116, преку веб (онлајн) надополнување 30.888.802 денари. На наплатата преку системот ‘Отворен Балкан’ во септември отпаѓаат 10.486.530 денари“, велат од ЈПДП.

Оттаму информираат дека електронската наплата достигнала 35 проценти, но и оти во подготвителна фаза е најавениот проект за надополнување на М-Таг и М-кард, за што се очекува во блиска иднина да се отпочне да се надополнува преку правни лица.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top