Македонија

Мицкоски: Од првиот ден тргнавме со јасна цел-да го обновиме, модернизираме и хуманизираме здравствениот систем(ВИДЕО)

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) не е само администратор на средства, туку вистински партнер, градител, чувар на стабилноста и двигател на реформите.

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) не е само администратор на средства, туку вистински партнер, градител, чувар на стабилноста и двигател на реформите. Мораме да бидеме искрени – во минатото оваа институција имаше сериозно нарушен кредибилитет. Граѓаните гледаа поединци со пари, директори, непресметани трошоци, нетранспарентни одлуки и систем што повеќе личеше на поле за лични привилегии отколку на сервис во служба на луѓето, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод 25 години од осамостојувањето на ФЗО.

– Полека, но сигурно, во споредба со минатото, ФЗО го враќа својот интегритет. Единствениот пат за тоа е бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, со работа, ред, дисциплина и јасна одговорност. Морам да му честитам на директорот – врши одлична работа, рече Мицкоски.

Премиерот потсети дека кога ја презеле власта, затекнале здравствен систем во тешка состојба: дефицит на кадар, нефункционални установи, недоволна опрема, долги листи на чекање и сериозно нарушена доверба кај пациентите.

– Наместо да бараме изговори, тргнавме во акција. Во изминатата година и половина, Владата покажа посветеност кон јавното здравство. Од првиот ден имавме јасна цел – да го обновиме, модернизираме и хуманизираме здравствениот систем. Во инфраструктурата започнавме нов инвестициски бран: од новата амбуланта во Петровец, преку реконструкција и модернизација на операционите сали во „8-ми Септември“, до низа реконструкции и технолошки обнови на болници низ целата држава, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top