Македонија

Спиропали, шефицата на албанската дипломатија на 22-23.12.2025 во посета на Македонија: средби со државниот врв, лидерите на Вреди и ДУИ Ахмети

„За време на официјалната посета министерката за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија Елиса Спиропали ќе ја потврди силната поддршка за европската интеграција на Македонија, нагласувајќи дека проширувањето на ЕУ останува стратегиски инструмент за мир и демократска стабилност во Југоисточна Европа. Во центарот на вниманието на средбите ќе биде и проектот Коридор 8 како стратегиски проект за енергија и безбедност, кој го поврзува Медитеранот со Црното Море.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

ИНА наведува: Елиса Спиропали ќе биде примена од претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши и министерот за труд и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Утре, на 22 декември во 11:30 часот Спиропали и Муцунски ќе одржат заедничка прес-конференција. Спиропали ќе има и работна вечера со вицепремиерот за добро управување и антикорупција Арбен Фетаи и вршителот на должноста министер за евроинтеграција Орхан Муртезани.

Министерката Спиропали ќе се сретне во Тетово со претседателот на ДУИ Али Ахмети, и со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Таа ќе одржи и средба со претседателите на владината коалиција Вреди Изет Меџити, Билал Касами и Беким Сали. Таа ќе се сретне со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Собранието Муса Џафери, со пратеници од сите албански политички партии и со претставниците-Албанци во локалните власти.

Спиропали ќе изнесе своја оценка за клучната улога на албанскиот чинител во Македонија во одржувањето на стабилноста и унапредувањето на евроатлантските процеси, како и за важноста на Охридскиот договор како основа за мултиетничка хармонија и општествена кохезија. Таа ќе го посети Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопје. Посетата ќе заврши со разговор во Универзитетот во Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Министерство за здравство: Сите хирургиски сали во Клиничкиот центар се во целосна функција

Министерството за здравство информира дека во моментов сите хирургиски сали во Клиничкиот центар во Скопје се во целосна функција. Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ во моментот се згрижуваат итните пациенти, согласно тековната организација на работата.

Македонската полиција формира специјализиран тим за позасилена борба против трговијата со дрога

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска согласно со своите законски надлежности формираше Работен тим, заради уште позасилено покоординирано и поточно откривање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци, кои организирано, или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално, или меѓународно ниво.

Нема повеќе возење по 2-3 лица на електричен тротинет! Забрана за малолетници, само лица над 18 години!

По сè почестите случаи на небезбедно користење на електричните тротинети, Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за нивното учество во сообраќајот.

Скандалозни провокации на приштински професор, кој дрско ги поистоветува Македонците со Бугарите и ги навредува дека „Тито ги измислил како народ“?!

„Зошто македонските Словени го враќаат Јосип Броз Тито во имињата на улиците? Тие имаат силни причини: Тито е татко-основач на нивната нација и држава. Тој ја измисли оваа нација со тоа што создаде национален идентитет, што ги спои Бугарите од Македонија со нејзините православни Албанци.“ – овие дрски провокации и негирања на Македонците како народ со свој идентитет ги пласира професорот по политичка филозофија на Универзитетот во Приштина Блерим Латифи во својата скандалозна колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Жерновски од петти пат погоди дали СДСМ (не) го избришал македонскиот идентитет

Човекот што сака да биде иден министер за надворешни работи а не знае што значи НАТО, или мисли дека СДСМ го избришал македонскиот идентитет или има проблем со политичката логика и со македонскиот јазик

ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски и СДС манипулираат со родителите и најмладите, наместо дефектолози ќе се вработуваат партиски војници!

„Герасимовски и СДС манипулираат со чувствата на родителите и најмладите, за да се скријат од деценија расипништво во општина Центар. Кога се крати од сите развојни програми на општината за да се платат судски трошоци од милиони евра, прво решение што му текна на Герасимовски е вработување партиски кадри.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести

To top