Свет

Германија воведува задолжителна воена обврска од 2026 година – кој ќе одбие оди во притвор

Во врска со трансродовите лица, се наведува дека законот се базира на податоци од матичната книга на родените и дека секој што е регистриран како маж во матичната книга мора да се регистрира. Планирано е првите прашалници да бидат испратени кон средината на јануари. Министерството за одбрана очекува Бундесверот да контактира со околу 54.000 млади луѓе секој месец.

Од јануари 2026 година Германија ќе воведе задолжителна воена регистрација, што вклучува пополнување прашалник за способноста, капацитетот и подготвеноста за служење во војската, а самата воена служба сè уште ќе биде доброволна. Сите мажи на одредена возраст ќе мора да пополнат прашалник што содржи 14 прашања, а Бундесверот ќе ги користи одговорите за да процени кој е заинтересиран за воена служба и кој е способен за служење. На веб-страницата на германската армија, Бундесверот, исто така, се наведува дека ако некој се обиде да избегне одговарање на прашалникот или намерно даде лажни информации при пополнувањето, прави административен прекршок, за кој може да му се изрече парична казна.

Билд објави дека казната може да биде до 1.000 евра. Секој што нема да се појави на лекарскиот преглед ќе се соочи со последици, вклучително и однесен во центар за регрутација под полициска придружба.

  • „Доколку регрутот не се појави на испитот за регрутација без основана причина, од полицијата може да се побара да го притвори“, соопшти Министерството за одбрана.

На веб-страницата се наведува дека жените не се обврзани да се регистрираат, но дека имаат право да го сторат тоа доколку сакаат.

Во врска со трансродовите лица, се наведува дека законот се базира на податоци од матичната книга на родените и дека секој што е регистриран како маж во матичната книга мора да се регистрира. Планирано е првите прашалници да бидат испратени кон средината на јануари.

Министерството за одбрана очекува Бундесверот да контактира со околу 54.000 млади луѓе секој месец. Министерот за одбрана Борис Писториус рече дека целта е да се модернизираат вооружените сили со нов систем за регрутирање и верува дека ова ќе го зголеми Бундесверот од сегашните 183.000 на 270.000 војници до 2035 година.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top