Бизнис

Европската комисија е свесна за проблемот на балканските камионџии, но дали ќе делува?!

Европската Унија ја следи ситуацијата со блокадите на транспортерите и е во контакт со партнерите од западен Балкан, но правилата за системот на влез и излез се веќе познати – велат од Европската Комисија.

Европската комисија е свесна за загриженоста што ја искажуваат транспортните оператори од Западниот Балкан, внимателно ја следи ситуацијата со блокадите на граничните премини и е во контакт со партнерите од регионот, изјави денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи Маркус Ламерт. Изјавата на Ламерт беше одговор на новинарско прашање за ставото на ЕК околу блокадите на граничните премини кон Шенген зоната од страна на балканските превозници и нивните обвинувања дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на нивните колеги од ЕУ, како и дали Унијата планира да професионалните возачи да им додели посебен статус и да не ги третира како туристи при влез во блокот.

  • Свесни сме дека голем број професионалци од трети земји може да имаат потреба да останат во Шенген зоната повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова ги вклучува професиите со висока мобилност, како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците. Тоа е исто така поврзано и со националните правила и постојните билатерални договори. Ова е прашање на кое сме целосно посветени и на кое работиме и размислуваме во контекст на подготовките на претстојната Визна стратегија, што ќе ја објавиме оваа недела, изјави Ламерт.

Тој повтори дека Системот за влез-излез (ЕЕС) не воведува никакви нови регулативи и никакви нови барања поврзани со должината на престој во Шенген зоната, туку само обезбедува подобра имплементација на постојните правила и систематско откривање на нерегуларни практики.

  • Според Шенген правилата, граѓаните на земјите на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ имаат право да останат во Шенген зоната 90 дена во период од 180 дена во која било држава. Надвор од ова, престојот мора да биде покриен со виза или со национални аранжмани, додаде Ламерт.

Според него, важно е да се напомене дека овие правила не се нови, туку важат со години подеднакво низ целата територија на Шенген зоната, како и дека тие веќе предвидуваат одредена флексибилност во однос на некои категории работници

Најнови вести од: Бизнис

Македонскиот „Грин Машинс“ БРАКО блесна на светскиот саем ИФАТ во Минхен

Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави и други земји производители во оваа индустрија, македонската компанија ги презентираше своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена

Британскиот амбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој

(Фото): Народна банка ги презентираше макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Банкарскиот систем и натаму е стабилен, при солидна кредитна и депозитна активност. Во светското окружување сѐ уште владее висока неизвесност и ризици, поради што Народната банка внимателно ќе ги следи движењата и ќе реагира соодветно, во согласност со својата основна цел ‒ одржување на ценовната и финансиската стабилност.

Можни се нови преговори со ОКТА за продолжување на попустот за горивата, велат од Владата

Во однос на електричната енергија, министерката изјави дека поддржува евентуално преиспитување на тарифните блокови доколку резултира тоа со пониски сметки за граѓаните. Таа нагласи дека Регулаторната комисија за енергетика веќе најавила можни анализи во тој правец, а Министерството ќе ги поддржи сите решенија што водат кон намалување на трошоците за домаќинствата.

Најнови вести

To top