Бизнис

Градежништвото порасна за 14,6%, објави Државниот завод за статистика

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3,4%.

Домашниот бруто производ производ порасна за 3,8 % во четвртото тримесечје од 2025 година во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Во последниот квартал од 2025 година поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 14,6% и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 8,1%.

Финалната потрошувачка во четвртото тримесечје од 2025 година номинално расте за 6,4%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 77,9%. Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2025 година номинално растат за 5% како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.

Според сезонски и календарски прилагодените  податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3,4%.

Растот на БДП во првиот квартал лани изнесуваше 2,9%, во вториот 3,5% и во третиот квартал 3,8%.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top