Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога на стартот од тенискиот турнир во Порторож, Словенија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари.
Седмата носителка од Македонија, неделава 191. на ВТА-листата во поединечна категорија, славеше по пресврт со 4-6, 6-3, 6-2 по 100 минути игра против Кајса Риналдо Персон (249.) од Шведска, искористувајќи ја првата меч-топка, и тоа на сервис на противничката.
Најдобрата македонска тенисерка во осминафиналето ќе игра со подобрата меѓу Викторија Хрунчакова (217.) од Словачка, некогаш 43. светски женски рекет, и Катарина Заватска (251.) од Украина.