Регион

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Туркије и натаму е една од најпосетените дестинации

Туризмот продолжува да биде една од најзначајните и економски најсилните гранки на Туркије и од почетокот на оваа година

Туризмот продолжува да биде една од најзначајните и економски најсилните гранки на Туркије и од почетокот на оваа година. Во првите три месеци од 2026 година приходите на државата остварени од туристичката дејност се доближиле до 10 милијарди американски долари. Конкретно, Туркије во првиот квартал ја посетиле 9,2 милиони туристи, а од туризмот биле остварени приходи во висина од 9,896 милијарди американски долари, што е за 4,2% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Овие резултати се остварени во услови на комплексни геополитички случувања, кои имаат негативно влијание на туристичкиот сектор.

Минатата година се соочивме со слични глобални случувања и регионални неизвесности. И покрај тоа, ја завршивме 2025 година со 64 милиони посетители и туристички приходи од 65,2 милијарди долари. Бројките јасно покажуваат дека Туркије не е само силна дестинација во туризмот, туку поседува и висок капацитет за управување со кризи. Ќе продолжиме по нашиот пат оваа година со истата решителност и искуството што го стекнавме“, истакна министерот за култура и туризам на Туркије Мехмет Нури Ерсој.

За постигнувањето на планираните резултати се очекува да придонесат и бројните културни и спортски настани што ќе се одржат во Туркије, особено во Истанбул. Овие големи настани го зајакнуваат угледот на земјата како сигурна и привлечна глобална туристичка дестинација.

„Истанбул ќе се врати во календарот на Формула 1 со Големата награда на Туркије од 2027 година. Финалето на УЕФА Лигата на Европа ќе се игра во Истанбул на 20 мај. Стадионите и концертните сали во Истанбул се домаќини на настапи на меѓународни ѕвезди, а гледаме десетици илјади европски, руски, блискоисточни и азиски посетители како доаѓаат во нашата земја за да присуствуваат на овие настани“, додаде министерот Ерсој.

Во првите три месеци од годината, „просечната потрошувачка по ноќ од посетителите“ во Туркијеизнесува 102 американски долари, што претставува зголемување од 2,8%, во однос на 2025, кога изнесуваше 99 американски долари. Во првиот квартал од 2026 година, најважните пазари за Туркије биле Германија, Руската Федерација и Бугарија, со 678.000 германски посетители, 651.000 руски туристи и 539.000 посетителиод Бугарија.

Најнови вести од: Регион

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

To top