Хроника

Условни пресуди за тројца кочански полицајци – Пишувале прекршочни пријави за фиктивна фирма на газдата на „Пулс“

Двајцата инспектори и командирот од Кочани

Во судница полна само со новинари, судот условно ги осуди двајцата инспектори и командирот од Кочани кои пишувале прекршоци за непостоечката фирма на газдата на дискотеката „Пулс’“ за злоупотреба на службената положба. Ниту еден од обвинетите полицајци и нивните адвокати, не дојде во судот за да ја слушне објавата на пресудата.

Според обвинението, при полициски контроли тие пишувале прекршочни налози за непостоечка фирма, наместо за фирмата што реално управувала со дискотеката, се со цел газдата на „Пулс“ да не плати казна и да може непречено да работи.

Ова е само еден од трите одвоени судски предмети против полициски службеници поврзани со „Пулс“. Двајца кои денеска беа условно осудени, се обвинети и во другите два предмети поврзани со трагедијата во Кочани.

Во вториот предмет обвинети се девет полицајци. На 24 април се одржа првото подготвително рочиште, но не започна главната расправа. Одбраната побара изземање на обвинителката и судијата, по што судењето се одложи за 1 јуни. Според обвинението, тие со службени дејствија и непостапување овозможиле дискотеката да добие согласности и да продолжи со работа иако не ги исполнувала законските услови.

Во третиот предмет обвинети се 13 полицајци и командири кои за време на трагедијата бвршеле полициска контрола во Пулс. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност. Обвинителството тврди дека тие  не презеле мерки за безбедност и не била спречена употребата на пиротехника.

Во најголемиот предмет за кочанската трагедија која се суди во импровизираната судсница во Идризово веќе се сослушаа над 60 сведоци. Минатото рочиште сведочеа вештаци од Судски медицина. Според нив, речиси сите жртви се задушиле од јаглеродон моноксид. Ова судење почна во октомври и засега важи за еден од најобемните судски предмети во послдните 10 години.

Најнови вести од: Хроника

И.Х.(25) и А.Х.(20) од село Идризово се скарале со продавачката, па го нападнале и И.О.(41), која ја бранел!

Двајцата насилници од Идризово може на некое време да станат жители на затворот во близина на нивното село, откако во продавница биле агресивни кон продавачка, а потоа го натепале соселанецот, кој им рекол да не се однесуваат непристојно кон жената.

Одложено судењето на Груби и уште седум лица: закажани 13 термини за расправа во септември и октомври 2026

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Шест возачи уапсени, 262 казнети: акција на МВР низ Скопје и контроли на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли

Во текот на изминатата вечер и ноќ, од 21 кон 22 август, полицијата во Скопје казнила 262 возачи во рамки на засилена сообраќајна контрола, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Акцијата била спроведена од 18 часот до 1 часот по полноќ од Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје.

To top