Колумни

Утнат протест – Пишува Роберт Димитриевски

„Перформансот“ во центарот на Скопје на тема „Правосуден испит на албански јазик“ промашување во секој поглед

Седи – кец. Токму ваква беше реакцијата на секој наставник кога ќе се утне темата на писмената работа не толку одамна. Чешитите меѓу нив знаеја и да се пошегуваат со ученикот што се обидува да ги пренесе жедни преку вода со констатацијата дека „одговорот е точен, но не на поставеното прашање“.

Оние што вчерашното попладне го утепаа со нешто што го најавуваа како протест, а излезе сосем друго, не беа ученици, туку студенти. Нејсе. Ги утнаа и темата, и одговорот. Темата требаше да (им) биде полагање правосуден испит на албански јазик, а тие што демонстрираа, кои се изгубија меѓу политичките мршојадци од сопствениот етникум, со целокупната иконографија и со испратените пораки дадоа погрешен одговор на прашањето за суштината на нивните барања.

Нивното наводно залагање за употреба на мајчиниот јазик и во оваа област се најде во длабока сенка на агендата на политичките лузери кај најголемото малцинство во Македонија за враќање на власт преку подгревање меѓуетничка нетрпеливост и омраза. Кога на тоа ќе се додадат влажните соништа за големи држави врз грбот на Македонија меѓу радикалите западно и северозападно од нејзините граници, се комплетира мозаикот на силите што мечтаат за редефинирање на земја-членка на НАТО како преодна фаза кон прекројување на границите.

Утнат протест е најбенигниот опис на мизерниот визуелен впечаток од „перформансот“ во центарот на Скопје. Купишта знамиња на Албанија, по некое на САД и на Европската Унија и ниту едно единствено на државата од која се бараат права. Транспаренти и говори со етноцентрични пораки на албански и на англиски јазик, но не и на македонски. Шутирање кучиња и финале со тепачка пред очите на полицијата и на случајните минувачи.

Колку „убава“ слика од претенденти за идни адвокати, судии и обвинители. Гарант ги освоија симпатиите на јавноста и на неутралните. Во заднината сигурно им ракоплескаат и припадниците на другите немнозински заедници во оваа држава.

Има ли кој да им каже на академскиве граѓани дека дозволија протестот да им го киднапираат тие што направија сè во минатите над две децении за да ги наполнат автобусите и авионите со илјадници како нив со билет во еден правец додека си ги товареа магарињата. И тогаш, и сега, на киднапериве им беше до некакви права како до ланскиот снег додека си местеа тендери и ја крадеа државата во бездушниот грабеж на иднината и на овие деца, ама „кој да ти каже Ивана“…

Кога еден ден ќе се шетаат по белиот свет со грутка во грлото и со носталгија по родниот крај, бездруго ќе им текне дека биле злоупотребени и буквално набркани од тука од оние што им глумат загриженост за заедничката кауза додека зад сцената си ги бројат и трошат милионите стекнати на нивен грб. Ќе се чувствуваат како Марко што доцна стигнал на Косово. Џабе.

Безбели до толку се образовани за да „сконтаат“ дека со исклучивост, со радикализам и со игнорирање на симболите на земјата во која станале тоа што се нема далеку да стигнат. Најмалку до почитувани граѓани со или без правосуден испит. Па нека е и на албански.

 

Најнови вести од: Колумни

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“ – дали Костадинов го стори тоа како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонскиот јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Навршувањето на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива за јазикот, кој сиот научен свет го познава и го признава како македонски јазик – идентитетски столб на македонскиот народ.

Писмо од Егејска Македонија од 10.9.1862 против денешните грчки негирања: „Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!“ (2)

„Ќе ти пишувам почесто, ама не знам по бугарски, нашите луѓе овде не знаат бугарски. Нашите луѓе во Ениџе Вардар го знаат нашиот мачедонски език!““  – пишува во писмо, кој го испратил Македонец од Ениџе Вардар, од Егејска Македонија, на 10 септември 1862 година. Јазикот на Македонците во Егејскиот, или Беломорскиот дел на Македонија, не бил бугарскиот, туку македонскиот, или како што стои во оригиналот „мачедонски език“. Ова е многу убедлив доказ и изворно сведоштво, што ги побива сите досегашни и најнови грчки негирања и фалсификати дека „никогаш се говорел македонски јазик на грчката територија“. Но, исто така, и многубројните научни аргументи и докази на врвни светски лингвисти за посебноста на македонскиот јазик и неговата застапеност на сите делови на некогашна етнојазична, неподелена Македонија, претставуваат научен бедем, пред кој се уриваат и стануваат бесмислени досегашните и најновите грчки и сечии други шовинистички негирања на постоењето на мајчиниот јазик на македонскиот народ, но и неговото прикажување како наводна „вештачка творба“, како „измислен јазик“.

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Македонистичкото дело на Мјечислав Малецки – бедем пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет

Истражувањата на полскиот славист Мјечислав Малецки претставуваат непобитен научен доказ за автохтоноста и посебноста на македонскиот јазик. Наспроти повеќедецениските организирани политички напади и фалсификати, кои доаѓаат од одредени кругови, делото на овој светски признат лингвист уште во првата половина на XX век ја зацврсти позицијата на македонистиката на меѓународно ниво. Од една страна стојат произволните толкувања и веќе државна доктрина на негација и фалсификати од страна на Бугарската академија на науки и на официјална Софија во врска со „бугарските темели“ на македонскиот јазик, или за неговата „измисленост како јазик во 1944/1945 година“. Од друга страна стои научната вистина за овој најважен столб на македонскиот идентитет, која се потпира исклучиво врз лингвистички факти и домашни и меѓународни теренски истражувања, кои траат многу повеќе од еден век. Полскиот македонист Мјечислав Малецки починал на денешен ден, на 3 септември 1946 година. Ова е пригода за ново навраќање кон неговото македонистичко научно дело, кое е бедем, пред кој паѓаат сите негирања и фалсификати на македонскиот јазик и идентитет.

Коле Неделковски: Нашата мила татковина, посрбена, побугарена и погрчена, не се даде никому и си остана со македонска боја!

„Викот на бесмртниот Македонец Крсте Мисирков се разнесува дури сега над неговата мила татковина, веќе измачена од борбите и соперништвата на неколку народи, кои не штедеа ништо, за да ја имаат посрбена од едни, побугарена од други и погрчена од трети. Но таа не се даде на никого и си остана со својата боја македонска! Сега, подигната културно и економски, го подзема најдрагиот нејзин глас, го прегрнува најсветото име и со целата своја моќ го држи и го разнесува како светилник до најкрајните катчиња на својата ширина.“ – му напишал македонскиот револуционерен поет Коле Неделковски на 18 мај 1940 година на д-р Сергеј Мисирков, синот на Крсте Мисирков, кој тогаш живее и работи во градот Елена, Бугарија. Ова писмо Неделковски му го пратил на Сергеј во името на Македонскиот литературен кружок, како негов член, откако ја открил во Народната библиотека во Софија заборавената книга на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“. Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност. Починат е на денешен ден, на 2 септември 1941 година во инцидент со бугарската полиција во околности, сѐ уште неразјаснети до крај: скокајќи сам од прозорецот на зградата каде што живеел, или можеби бил фрлен долу.

Европска комисија: Остануваат правилата за влез и излез во Шенген за превозниците од Западен Балкан

Од Европската комисија информираа дека остануваат правилата за влез и излез на транспортерите од Западан Балкан во Шенген зоната, односно тие може да престојуваат 90 дена во рок од 180 денови.

To top