Македонија

СПМ: Несериозни одговорите на Кошта дека ќе нема нови бугарски барања

Социјалистичката партија на Македонија ги цени како прилично лесно изречени и несериозни одговорите на Кошта дека повеќе нема да има нови билатерални барања од Бугарија по вметнувањето на Бугарите во Уставот. Ќе потсетиме дека во изминатите 25 години и повеќе Македонија редовно слушаше неискрени и лажни изјави од ликови на кои македонската држава и народ […]

Социјалистичката партија на Македонија ги цени како прилично лесно изречени и несериозни одговорите на Кошта дека повеќе нема да има нови билатерални барања од Бугарија по вметнувањето на Бугарите во Уставот.

Ќе потсетиме дека во изминатите 25 години и повеќе Македонија редовно слушаше неискрени и лажни изјави од ликови на кои македонската држава и народ им служеа единствено како средство за остварување на личните и поинакви амбиции“, велат од СПМ.

„Оттаму впечатокот и за високиот гостин за неговиот потценувачки сарказам и неискреност, кои во најблага форма би се свел на негова неупатеност од што ќе произлезе оценката за бесполезност и неуспешност на неговата посета.

Социјалистичката партија на Македонија ја упатува јавноста дека почитуваниот господин Кошта, невнимателно игнорирајќи го историскиот контекст, отворено застана зад одредени империјални интереси, стотици години стари, и зад негаторскиот и антимакедонски однос на источниот сосед, како нивни производ и како крајна цел на една политика против која во денешно време најмногу ЕУ се спротивставува и бори, наводно.

Социјалистичката партија на Македонија цврсто застанува зад одлучноста и децидноста на македонската Влада во одбивањето на неразумните и антицивилизациски бугарски ставови и зад принципиелноста во одбраната на македонските позиции, односно македонските црвени линии.

Социјалистичката партија на Македонија го дели ставот дека продолжувањето на преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ е потребно да се одвиваат на релација Скопје-Брисел или во непосреден дијалог на највисоките авторитети на Македонија и ЕУ“ велат од СПМ.

Најнови вести од: Македонија

Алсат: Дали АА на Села ќе се вклучи во Вреди и во Владата?

„Крилото на Алијансата за Албанците на Зијадин Села објави дека ќе одржи собрание утре, на 27 декември 2025 година во Скопје, по одлуката за напуштање на коалицијата Национална алијанса за интеграција на ДУИ и Али Ахмети.“ – објави ТВ Алсат

Вреди станува партија, насочена кон нацијата и семејството! Претседател со едногодишен мандат и целосна ротација на раководството

„Според политичката ориентација, Вреди како партија ќе се постави во десниот центар, а идеолошки ќе се заснова врз конзервативни принципи со нагласка на нацијата, традиционалното семејство и културното наследство. Од стратегиски аспект, Вреди ја одредува својата прозападна ориентација, нагласувајќи ја соработката со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, како и поддршката за стратегиската оска Анкара–Софија–Скопје–Тирана.“ – објави ТВ 21.

(Видео): Не само „Усје“, има и други кои треба да се дислоцираат од Скопје, рече Ѓорѓиевски

Усвоена е мерка за финансиска поддршка на граѓаните за поставување филтри на оџаците. На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина.

To top