Бизнис

(Фото): Становите во Скопје поскапи за 13,3%

Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат, но со помало темпо во однос на почетокот на годината, покажуваат податоците на Народна банка. Според овие податоци, во вториот квартал цените на недвижностите се зголемиле за 13,3% на годишно ниво.

Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да растат, но со смалено темпо вро според со претходно. Народна банка ги извади најновите податоци за цените на становите за вториот кваратал од тековната 2026 година. според нивните податоци, во текот на второто тромесечие цените на недвижностите се зголемиле за 13,3 отсто на годишно ниво, додека спроедено со претходниот квартал растот е 5,5 проценти.

  • Индексот на цени на станови, којшто се однесува единствено на територијата на градот Скопје и се пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови, во вториот квартал од 2026 година бележи раст.

На квартална основа, цените на недвижностите забележаа раст од 5,5%, а годишниот раст и натаму забавува и изнесува 13,3%, наспроти 16,6% во претходниот квартал – се посочува во нивната објава.

Најнови вести од: Бизнис

Родот стои, а купувачи нема – расте бојот на земјоделци кои продаваат директно од нива

Домашните земјоделци повторно се соочуваат со проблемот каде и како да го продадат произведеното овошје и зеленчук. Наместо производите да стигнат до маркетите, дел од производителите ги нудат директно од нивите, бидејќи откупот и пласманот остануваат неизвесни. Проблемот со пласманот и цените со години е една од најголемите грижи за земјоделците во земјава.

Новите инвестиции доказ дека Македонија е сè поатрактивна за вложување на капитал

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека новите ифабрики и странски инвестиции се потврда дека со политките на Владата Македонија станува сè поатрактивна за инвестирање. „Брејнчајлд“ и „Магна Мехатроникс“ веќе почнаа со работа, а „Амфенол“ и „Гемтерм“ најавуваат нови вработувања, се наведува во соопштенето заедно со бројки за вредноста на инвестициите и новите работни места.

Прометот на Македонска берза падна за 53,78%, „Алкалоид“ со најголем раст

И покрај послабата берзанска активност, акциите на „Алкалоид“ забележаа најголем неделен раст од 9,37 отсто. Позитивно движење имаа и „Гранит“, со раст од 2,6 отсто, како и „Македонски Телеком“, чии акции поскапеа за 2 отсто.

АД ЕСМ ќе купува јаглен од косовската КЕК во следните три години

АД ЕСМ  согласно владина одлука,  потпиша стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК за експлоатација на околу три милиони тони јаглен од рудникот Обилиќ во наредните три години по гарантирана фиксна цена од 24, 4 евра за тон, соопшти компанијата. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос Хашани.

Продолжува поставувањето на батериски системи – клучен чекор во енергетската транзиција

Батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ, на сопствените електрани и на електрани на клиенти,  се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

„Макпетрол“ со 17,83 милијарди денари приходи и 475 милиони денари добивка во првото полугодие

На годишното собрание на акционери во мај 2026 година е донесена и одлука за исплата на дивиденда за 2025 година во вкупен бруто-износ од 467,3 милиони денари, односно 4.620 денари бруто по акција, со рок за исплата најдоцна до 30 септември 2026 година.

To top