Бизнис

Ќе се гради пловечка фотоволтаична централа на акумулацијата „Шпилје“

Ова лето ќе почне да се реализира третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“ каде што најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

Министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска денеска најави нови развојни проекти проекти на обновливи извори на енергија, меѓу кои „Глобочица 2“, „Шпилје 2“, пловечка фотоволтаична централа на акумулацијата „Шпилје“, далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим и други проекти што ќе придонесат за зголемување на домашното производство на чиста енергија. Божиновска  денеска ја посети хидроелектраната „Глобочица“ каде што се информира за третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“, која започнува ова лето и за производните резултати на системот.

  • Најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“, каде што се предвидени капитални зафати – замена на генератори, ротори, лежишта и блок-трансформатори, модернизација на хидромеханичката опрема и други активности што ќе ја зголемат сигурноста, ефикасноста и работниот век на постројките – велат од Министерството за енергетика.

Божиновска на средбата со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“ Гоце Божиновски разговараше и за производните резултати на хидроелектраната Глабочица. Оваа хидроелектрана веќе има реализирано околу 80% од годишно планираното производство, а само во првата половина од годинава во македонскиот електроенергетски систем испорача 120 GWh електрична енергија – речиси 19% повеќе од планираното.

  • Овие резултати покажуваат дека кога се инвестира во домашните производствени капацитети, државата добива повеќе сигурност, стабилност и сопствено производство на електрична енергија. Наш приоритет останува модернизацијата на постојните капацитети, затоа што тие се темел на сигурен и одржлив енергетски систем – изјави Божиновска.

ХЕЦ „Глобочица“, која е пуштена во употреба во 1965 година, повеќе од шест децении претставува еден од столбовите на македонската електроенергетика. Од почетокот на работата до денес има произведено над 10.500 GWh електрична енергија, а преку досегашните ревитализации нејзината инсталирана моќност е зголемена од 34,5 на 42,5 MW.

Министерката Божиновска нагласи дека вложувањата во ваквите капацитети не се само инвестиции во инфраструктура, туку инвестиции во енергетската безбедност, економскиот развој и енергетската независност на државата.

  • Хидроелектраните се нашата домашна, чиста и стратешка енергија. Тие ја намалуваат зависноста од увоз, обезбедуваат стабилно производство и претставуваат еден од најсилните столбови на зелената енергетска транзиција. Затоа продолжуваме со инвестиции кои ќе обезбедат овие капацитети сигурно да произведуваат и во следните децении – порача Божиновска.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top