Регион

Две верзии за инцидентот во Црна Гора: Одмазда или одбрана на сопствените деца?

Семејството на уапсената Македонка во Улцин тврди дека шарпланинецот им упаднал во апартманот

Истражниот судија од Основниот суд во Улцин ѝ одреди 30-дневен притвор на 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје, под основано сомнение дека го извршила кривичното дело „Убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“ според член 309, став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора. Според црногорските закони, на Стојановска ѝ се заканува парична казна или затворска казна до две години.

Притворот е одреден врз основа на член 448 од Законот за кривична постапка, поради опасност осомничената да побегне и со тоа да го попречи понатамошниот тек на постапката. Таа беше уапсена на 24 јули 2026 година, кога, според црногорската полиција, се обидела да ја напушти територијата на државата.

„На 25 јули 2026 година, истражниот судија на Основниот суд во Улцин одреди притвор до 30 дена на осомничената С.С. (43) од Скопјe, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело Убивање и мачење животни. Осомничената прегазила и убила куче од расата шарпланинец со своето возило. Притворот ѝ е одреден поради постоење на околности што јасно укажуваат на опасност осомничената да избега“, соопштија од Основниот суд во Улцин.

„По извршувањето на кривичното дело, таа имала намера да ја напушти територијата на нашата земја, но полицијата ја спречила во тоа“, информираа претходно од Полициската управа.

Вознемирувачко видео и спротивставени верзии за инцидентот
Случајот го пријавил сопственикот на шарпланинецот, кој во полиција изјавил дека возило „мерцедес“ со скопски таблички намерно го прегазило неговото куче на улицата. На социјалните мрежи брзо се прошири вознемирувачка снимка од настанот, што предизвика жешки дебати, негативни реакции, но и говор на омраза и повици за линч врз Стојановска.

Сепак, позадината на инцидентот открива трагична хронологија. Според информациите на црногорски „Вијести“, шарпланинецот претходно го нападнал и го усмртил миленикот на Стојановска (од расата ши-цу) во населбата Улцинско Поле.

Работник од блискиот хотел (В.Б.), кој ѝ притрчал на помош на потресената жена, сведочи за драматичните моменти додека се обидувале да го спасат нејзиното куче, кое за жал им подлегнало на повредите на пат кон ветеринарната клиника.

„Ќе го направев истото повторно. Само да знаев, ќе се обидев да му помогнам на друго несреќно куче, шарпланинецот. Но, за жал, се чини дека немаше начин ниту него да го спасам. Па, поради нечија невнимателност и неразбирлив став кон животните, починаа две невини кучиња“, изјавил низ солзи работникот В.Б. за „Вијести“.

Драматично сведоштво на семејството: „Шарпланинецот влезе во нашиот апартман и нè нападна“
Со поинаква верзија за настанот излезе ќерката на Стојановска. Во изјава за телевизија Сител, таа тврди дека не станува збор за одмазда, туку за самоодбрана и заштита на семејството.

Според нејзиното сведоштво, шарпланинецот влегол директно во нивниот изнајмен апартман, каде што сурово го нападнал и распарчил нивното мало куче, а потоа ги нападнал и присутните членови на семејството. Ќерката дополнува дека по инцидентот, сопственикот на шарпланинецот со група пријатели им се заканувал пред самиот апартман, па прегазувањето со возилото било краен обид мајката да ги заштити своите деца.

Истрагата на црногорските правосудни органи треба дополнително да ги утврди сите околности и да расчисти дали станува збор за кривично дело или реакција во крајна нужда.

Најнови вести од: Регион

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top