Македонија

Се намалуваат квотите за упис на бруцоши на сите универзитети, рече Јаневска

Намалени се квотите за упис на струките бизнис-администрација, јавна администрација, како и дел од студиските програми на економските, правните и медицинските факултети. Кај овие струки, вели таа, се јавува поголем број невработени поради заситеноста на пазарот на труд, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Квотите за упис на студени во прва година на сите универзитети во земјава намалени се за околу 2 000 места, особено за струките кај кои се јавува поголема невработеност поради заситеноста на пазарот на труд. Главно, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска, намалени се квотите за упис на струките бизнис-администрација, јавна администрација, како и дел од студиските програми на економските, правните и медицинските факултети. Кај овие струки, вели таа, се јавува поголем број невработени.

  • „За разлика од тоа, останаа речиси идентични техничките струки, информатиката, машинството, градежништвото, таму е вработливоста на одлично ниво и достигнува некаде до 98-99 проценти“, вели Јаневска.

Министерката е уверена дека сите студенти ќе си го најдат местото каде што сакаат да студираат. Од оваа академска година, вели Јаневска, за студенти вратите ќе ги отворат реконструираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје. Сместувањето во „Стив Наумов“ ќе биде од 1 октомври, а во „Кузман“ на почетокот на ноември. Потоа ќе следува втората и третата фаза од етапната реконструкција на студентските домови низ државата. За сите реновирани домови сместувањето ќе биде по нова цена. Сега тоа ќе важи само за „Стив Наумов“ каде што износот од сегашните 3 500 денари е зголемен на речиси 6 000 денари.

  • „За малата партиципација имавме забелешки и од Државниот завод за ревизија, каде што се побара да се разгледа повторно прашањето за учеството и на студентите и на државата. Овој проблем 20 години не е решен. Зошто четворица министри пред мене во последните седум години не се зафатиле да го решаваат проблемот, јас не би знаела да кажам, но моменталниот модел не е добар и е неиздржлив“, вели Јаневска.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

To top