Македонија

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за бомбата во Бардовци: Не е фрлена во домот на полицаецот, СДС нема докази, само шпекулации

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во врска со инцидентот со експлозивна направа во Бардовци. Од владејачката партија велат дека СДСМ изнел неточни тврдења и шпекулации, посочувајќи дека Министерството за внатрешни работи веќе го објавило инцидентот во својот билтен.

„МВР има информирано за инцидентот во својот билтен. Ете доказ на фотографијата“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму реагираат и на тврдењето дека експлозивната направа била фрлена во домот на полицискиот службеник, посочувајќи дека станувало збор за домот на неговиот татко.

 „Не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаецот, туку во домот на неговиот татко“, стои во реакцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ дополнително обвинуваат дека СДСМ не изнел докази за наводите што ги изнел на прес-конференцијата, туку, како што велат, станува збор за шпекулации.

„СДС нема докази, само шарена приказна и шпекулации“, наведуваат од партијата. Реакцијата следува откако СДСМ побара од Обвинителството да ги провери наводите за можната „поврзаност на инцидентот“ со наводни „провизии и тендери“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top