Колумни

Збогум „Северна“, добредојде назад МКД – Пишува Роберт Димитриевски

Понижувачкиот натпис на кошаркарските дресови отстапи пред кратенката со која Македонија беше четврта во Европа

Не сум (само) јас заслужен за тоа, но не може а да не ми биде мило што 4,5 години по мојот крик на ова место во колумната со наслов „Не навивам за ‘Северна’“ конечно е надминато понижувањето за сите кошаркарски репрезентативци на Македонија. Од утревечер и натпреварот со Романија во Куманово од претквалификациите за Светското првенство 2027 во Катар, на дресовите на најдобрите македонски кошаркари и официјално се враќа кратенката МКД. Невидената глупост со „Северна Македонија“ на англиски јазик на опремата на сите македонски кошаркарски селекции најпосле си заминува како дел од неславното наследство на неодамнешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ.

Четири и пол години грдотијата на дресовите непотребно ги дразнеше љубителите на кралицата на игрите во Македонија и предизвикуваше потсмев кај сите што не ѝ мислат добро. Како синоним на предавството на јасно изразената народна волја од неуспешниот референдум од 30 септември 2018 година, кога со бојкотот од две третини од македонските граѓани со право на глас пропадна обидот на Зоран Заев и булументата околу него за легитимизирање на географската одредница, омразениот натпис создаваше само нагон за повраќање. И ги одвраќаше од настапите на националниот тим сите во државава со грам достоинство, кои ни тогаш ни сега не можат да сфатат дека некој може доброволно да се омаловажува како единствен таков спортски репрезент на Македонија, дури без тоа да го бара ниту еден меѓународен договор, пропис или реулатива.

Со враќањето на МКД на дресовите се враќа и сеќавањето за најславните страници на македонската кошарка од 2011 година и Европското првенство во Литванија, кога Македонија стигна до полуфиналето и играше меч за бронзениот медал, и тоа откако го елиминира домаќинот во четвртфиналето! А најдобриот странски спортист што некогаш настапил под знамето на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб, беше избран во идеалната петорка на Евробаскетот.

Официјалната меѓународна кратенка за земјава е нејзиниот единствен негибнат идентитетски меѓник од осамостојувањето до денес и сосем доволна за препознавање од другите дека станува збор за државата Македонија. Комбинирана со знамето и со зборот „кошарка“ на англиски, како на „цивилните“ маички на кошаркарските репрезентативци, може да послужи како пример за македонските национални селекции и во другите спортови, како и во индивидуалните.

Гордоста што се носи државниот дрес е еден од предусловите за успех во спортот и обратно – парче ткаенина со име на државата што не го прифаќаат, сметајќи го за навреда, двајца од тројца нејзини граѓани го одвлекува вниманието од спортската цел и неизбежно демотивира. Оттаму, колку и да изгледа симболично, протерувањето на „Северна“ и враќањето на МКД на дресовите на кошаркарите може само позитивно да влијае врз напорите за нивно постепено приближување до височините што ги имаа досегнато не толку одамна, кога ја направија Македонија горда.

Најнови вести од: Колумни

(2) Петре М.Андреевски до македонскиот народ – „пирејот што не може да се уништи“: Да изградиме програма, во која Македонија ќе ни биде заедничка определба на сите нас!

Денес  не само Бугарите, туку и „цивилизираните“ Европејци од Брисел и други политички моќници од Европа  запнале по секоја цена, со ултиматуми, закани и диктати да го менуваат Уставот на Македонија, со сесрдна помош на редица нивни домашни послушници, кои се во функција на туѓи антимакедонски агенди. Делото и сите јавни истапувања на генијалниот книжевен растајнувач на македонската национална судбина Петре М.Андреевски се моќен одговор на сите тие ултиматуми, закани и диктати во името и на македонскиот народ. Денес, на 25 јуни се навршуваат 92  години од раѓањетo на овој волшебник на македонската прозна и поетска реч, едновремено и извишен национален мислител, роден во 1934 година во демирхисарското село Слоештица. Оваа годишнина е можност за навраќање кон неговото книжевно дело, кое претставува исклучителен придонес за развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и за одбрана на македонската национална самобитност.

(1) Петре М.Андреевски: Ние, Македонците сами си ја пишуваме историјата со македонската вистина, а не други со лаги, кои нема да ни ја контролираат македонската свест!

„Браќа и сестри, бидете на штрек! Не срамете се од ништо, што е наше. Презирајте ги оние, кои ни го присвојуваат името, но и црквата, јазикот и писмото, што ги позајмиле од нас. Презирајте ги сите оние, што сакаат да ни ја предодредат нашата историска приказна, која се крепи на толку многу гробови. Знајте дека во таа приказна се заложени сите наши државотворни темели и сето свето наследство. Историјата е еден отворен процес кој постојано се допишува. Ние, Македонците, сакаме да ја пишуваме таа историја само со своето македонско писмо и само со својата македонска вистина!“ – има кажано уште во 2003 година генијалниот книжевен растајнувач на македонската национална судбина Петре М.Андреевски во својот „Македонски манифест“. Овие зборови се негово вонвременско послание, но и завештание до сите македонски поколенија да ја бранат својата автентична македонска национална историја од сите оние што ја искривуваат, што ја фалсификуваат и кои сакаат дури и да ја присвојат, како Бугарите со нивните самоизмами за наводната „заедничка историја“ на македонскиот и бугарскиот народ. Денешната 92-ра годишнина од неговото раѓањетo на Андреевски – на 25 јуни 1934 година во демирхисарското село Слоештица – е нова можност за навраќање кон неговото книжевно дело, кое претставува исклучителен придонес за развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и за одбрана на македонската национална самобитност.

„Зборникот на Миладиновци“ – „евангелие“ на македонизмот и јазичен чувар на идентитетот на македонскиот народ веќе 165 години

Еден од најзначајните чувари и своевидни пишани споменици на македонскиот национален, јазичен и културен е делото „Зборник на браќата Миладиновци“, кое е објавено на денешен ден, на 24 јуни 1861 година. Тој ден првите примероци од зборникот ја напуштиле печатницата на во Загреб и им биле испорачани на претплатниците. Во овој Зборник на 538 страници на голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај 584-те македонски песник, зборникот има и 14 детски игри, неколку народни обичаи од разни места во Македонија, 8 верувања, 16 преданија, извесен број лични имиња, 50 пословици и 104 гатанки. Македонските песни се поделени во групи: самовилски, други стари, црковни, јуначки, жаловни, смешни, љубовни, свадбени, лазарски, жетварски, песни за Водици, за Ѓурѓовден… Сите тие песни потекнуваат од разни краишта на Македонија (Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Дебар, Кукуш, Костур и др.). Овој монументален зборник со своето богатство од песни и традиции е еден од основните и најважни темели на македонското народно творештво. Тој претставува капитално и епохално дело за македонскиот народ. М. Цепенков го чувал дома и го нарекувал „второ вангелие“. Кажано со речникот на Цепенков, „Зборникот на Миладиновци“ е и своевидно „евангелие на македонизмот и на македонскиот идентитет! Оттука и браќата Миладиновци се дел од основните столбови, врз кои се потпираат културното наследство и македонскиот јазик.

To top