Македонија

Перпарим Бајрами тврди дека ВЛТ апаратите што ги набавил денес вредат многу повеќе

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември

Прво поздрав во судница со Артан Груби, па Пeрпарим Бајрами пред судот кажа дека не се чувствува виновен за проневерата од близу десет милиони евра. По речиси две години во бегство екс-директорот на државна лотарија со лисици на рацете влезе и замина од судницата во Шутка.

Перпарим Бајрами тврди дека не е виновен за случајот „Државна Лотарија“

Бајрами тврди дека ВЛТ апаритите кои ги набавил, иако за тоа немал надлежност како што вели обвинителот, се уште се во сопственост на Државната лотарија и нивната вредност е многу повисока од времето кога тие биле набавени.

Завршната пресметка на „Државна лотарија“ за 2024 година, а и спорниот договор што го склучиле за набавката за спроведување електронски игри на среќа ќе бидат дел од документите кои ги побарале од државните институции за да го оспоруваат обвинението.

Не можам да го предложам како сопствен сведок затоа што веќе е сведок на Обвинителството. Одбраната побара само право дополнително да го испрашува, односно право на директно испрашување“рече Еленко Миланов – Адвокат на Бајрами.

Одбраната ќе бара помош од судот доколку не успеат да ги обезбедат доказите од институциите или пак сведоците кои ги предложиле.

Груби, пак на судот му кажа дека како одбрана ќе презентираат како се разгледувале и носеле одлуките на владините седици.

 

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Лукаревска итно да ја закаже надзорната расправа за Алта банка, кој тука се колеба?!

Стојаноски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги постави сите прашања коишто ја интересираат јавноста, бидејќи смета дека се создава паника таму каде што нема потребa, а граѓаните заслужуваат одговори.

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Администраторот од НБРМ Илија Андовски ги издал лиценците на менаџметот на Алта банка, се гледа ли позитивен епилог на долг рок?!

Народната банка веќе назначи тројца администратори назначени од Народната банка го преземаат управувањето со Алта банка АД Битола во наредните три месеци, поради околности што можат сериозно да ја загрозат нејзината солвентност.

To top